Шкоти

Шкотланѓанин го прака синот за прв пат сам да си купи чевли,му дава 5 фунти и му вели:
– Синко колку и да ти рече продавачот дека коштаат ти симни му ја цената на половина.
Момчето ги земало парите и отишло во продавницата за чевли. Бендисало едни чевли ги пробал и задоволен го прашал продавачот:
– Колку чевливе?
– 8 фунти.
– 4. -рекло момчето
– Може за 6. -рекол продавачот.
– 3. – рекло момчето.
– 5. – рекол продавачот веќе видно изнервиран.
– 2,5. – рекло момчето ладно како шприцер.
– 4 последно! -почнал да чури продавачот.
– 2. -рекло момчето ноншалантно.
– Земи ги беспари, не можам со тебе да испаднам на крај. – рекол продавачот.
– Дај два пара! -Извикало возбудено момчето.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …