Три жени си ги фалат мажите. – Леле оној мојот, физички работник е, полн со енергија, кога ќе ме грабне, а бе три дена неможам да одам. – Еее, а оној мојот прав поет е, романтична душичка, тивка музика, свеќи, вино, нежност, а бре што да ви кажувам убавини. – А оној мојот политичар е, ќе ме седне на кревет и цела вечер ми зборува колку убаво ќе ми биде.