Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.
Почнал Супермен и вика:
– Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете.
На тоа Брус Ли му враќа и вика:
– Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.
И на крај Чак Норис вика:
– Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.
Обиди се со
Страшен пајак
Си биле Брус Ли, Чак Норис и Драган Вучиќ се натпреваруваат кој ќе го избрка …