Т
08/03/2024
Виц на денот, Полицајски
670
Влегува полицаец во библиотека и библиотекарката му вика:
– Почна да врне, а?
Енена
20/01/2024
Виц на денот, Личности
1,954
– Трпано, дојди тука да те прашам нешто.
– Кажи Трпе?
– Кога комшијата си купи нова кола, ти ме натера и ние да си купиме. Кога комшијата си зеде поголем телевизор, ти ме натера и ние да си купиме. Кажи ми сега што да правиме?
– Зошто? Што направи пак сега тој?
– Е па си зел нова жена…
Енена
19/01/2024
Виц на денот, Разно
1,024
Во македонска болница има две дијагнози:
– Ништо не ти е!
– Што си чекал до сеа?
Енена
18/01/2024
Виц на денот, Личности
1,280
Трпана оди кај Трпе кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот:
– Дали може на маж ми да му најдете некоја полесна работа?
– Госпоѓо, од лепење на марки на писмата нема полесно…
– Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел…
Енена
18/11/2022
Виц на денот, Еротски
5,103
Се сончаат Трпе и Трпана на плажа и Трпе опасно се напалува. Ѝ бара на Трпана, а оваа му вели:
– Не си нормален! Па сите овде гледаат.
– Ќе се покриеме со пешкирот – упорно навалува Трпе.
– Нема шанси! – Одбива Трпана.
– А да одиме на оној остров таму?
– Доста бе будало, па јас не знам да пливам – пак го одбива Трпана.
– Ај вака да направиме: Јас ќе пливам грбно, а ти фати се за него, гледаш ли како е исправен?!
– Абе ајде… а како ќе се вратам?
Исус
30/08/2022
Виц на денот, Прашање - Одговор
1,344
Што прави Јуда во библиотека?
– Издава книги.
Енена
29/08/2022
Виц на денот, Расистички
1,524
Донеле влаинка во итната медицинска помош и докторот ја прашал:
– Пак вие? Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денес?
– Исто, синко. Останаа од вчера, па реков да не ги фрламе.
Енена
12/06/2022
Виц на денот, Личности
2,177
Трпана му се дере на Трпе:
– Уште еднаш кажи ми дека сум крава, се разведувам од тебе. А, сега си легнувам, нозете ме болат од работа.
– Предните или задните?
Енена
10/06/2022
Виц на денот, Разно
1,757
Богат дедо оди на доктор и вели:
– Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 25.
– А вие?
– 75 години.
– И вашата жена не може да забремени?
– Да!
– Тогаш отидете со јахтата со својата жена, земете си и млад асистент со вас, за да не ви трпи бизнисот, и направете едно долго патување. Морскиот воздух чуда прави.
Два месеци подоцна, дедото повторно доаѓа кај докторот, става шише виски на масата и вели:
– Повелете докторе, за вас. Ви благодарам за прекрасниот докторски совет што ми го дадовте. Жена ми е бремена.
– А помладиот асистент? – прашува докторот.
– Знаете докторе… И таа е бремена. Морскиот воздух навистина чуда прави!
Енена
04/05/2022
Виц на денот, Разно
1,683
Ја слушам жена ми:
– Ич не ти е гајле за ништо! Само јадеш, спиеш и сереш. Таман да и одговорам, гледам на мачката и зборувала…
Енена
09/04/2022
Виц на денот, Разно
2,273
Во Кавадарци…
– Извинете каде се продава ракија ?
– Црквата ја гледаш ли ?
– Да
– Епа сегде освен во неа!
Васе
06/04/2022
Виц на денот, Плавуши
2,383
– Сакате кога ќе го ставам во уста да ве гледам во очи?
– Госпоѓо, ве молам концентрирајте се додека правите алко-тест.
Коте Пратикучи
27/03/2022
Виц на денот, Личности
1,914
Трпе ја прашува Трпана:
– Жено, кој ти е овој што на секоја објава ти става срце?
– А, па тоа ми е кардиологот.
Томе
22/03/2022
Виц на денот, Личности
887
Трпе го вика Цветко:
– Ајде одиме на пијачка!
– Не можам, на диета сум.
– Каква диета бе?
– Финансиска.