Енена
30/12/2019
Виц на денот, Личности
1,731
Трпана го прашува Трпе:
– Маженце, каде ќе ме носиш за Нова Година?
– Кај мајка ти.
– А за Велигден?
– Тогаш ќе те земам!
Холовиц
17/12/2019
Виц на денот, Разно
2,686
На интервју прашуваат бизнисмен:
– Како станавте милијардер?
– Па, станав милијардер благодарение на сопругата.
– Како тоа, ве молам објаснете.
– Ми беше интересно во која фаза ќе престане да се жалам дека немаме пари.
Холовиц
16/12/2019
Виц на денот, Личности
1,607
Трпана му се дере на Трпе:
– Пијаницо една! Кое време се прибра дома?!
– Во 12 без 5!
– Лажеш! Се врати во 7 часот наутро.
– Точно, па 12 без 5 колку е, а?!
Холовиц
12/12/2019
Виц на денот, Личности
5,109
Цветко му се пофалил на Трпе:
– Си фатив нова девојка и тоа пејачка.
– И како е?
– Како во црква, кога ќе запее цело маало се крсти!
– Абе тебе како ти е со неа?
– Мене како во пилана.
– Како тоа како во пилана?!
– Па она рамна како даска а ја пијан талпа…
Стефан Донев
11/12/2019
Виц на денот, Личности
766
Трпе си доаѓа од училиште и татко му го праша:
– Сине, како оценките во школо?
– Тато оценките маршираат.
– Како тоа маршираа?
– Епа вака: еден-два,еден-два,еден-два…
Енена
27/11/2019
Виц на денот, Вицови, Еротски
3,178
Трпе си пушта порно и што да види, жена му главна улога.
Гледал, гледал, љут и на крај си вика:
– Добро е што е само на филм…
Енена
26/11/2019
Виц на денот, Личности
3,366
Трпана оди кај јасновидка:
– Памтите ли, дека пред три години ми предвидовте, дека ќе имам три деца и маж?
– Памтам, да.
– Дојдов да прашам, кога ќе имам маж?!
Енена
25/11/2019
Виц на денот, Разно
6,728
Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира.
Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол.
Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:
– Чичко, колку е часот?
Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:
– Рано е да се каже…
Холовиц
19/11/2019
Виц на денот, Личности
1,410
Трпе го прашува Цветко:
– Што е најлошото нешто што си го направил за пари?
– Одам на работа…
Холовиц
18/11/2019
Виц на денот, Разно
1,852
Две бабички седеле на плажа
– Вчера ја видов Брижит Бардно на телевизија.
– И?
– Се сеќаваш како млади колку сите сакавме да изгледаме како неа?
– Се сеќавам.
– Епа, нашиот сон конечно се оствари!
Холовиц
14/11/2019
Виц на денот, Разно
1,408
Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот:
– Докторе да ви кажам нешто. Медицинава стварно напреднала многу со годините.
Кога бев млада морав да се соблечам до пола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот.
Холовиц
13/11/2019
Виц на денот, Личности
4,287
Трпана му вика на Трпе:
– Љубов, дај ми го бебето да го нахранам.
– Ќе мора да почекаш додека не заплаче.
– Зошто?!
– Па не знам кај го оставив.
Холовиц
12/11/2019
Виц на денот, Разно
1,933
Трпана го прашува швалерот:
– Драги, некогаш си поправал ли фрижидери?
– Никогаш.
– Веднаш почнувај, затоа што ја слушнав колата, маж ми се врати од службен пат!
Холовиц
06/11/2019
Виц на денот, Разно
1,304
Пробајте да ги разберете жените:
Една плаче за маж.
Друга плаче од маж,
трета плаче по туѓ маж.