Холовиц
06/11/2019
Виц на денот, Разно
1,309
Пробајте да ги разберете жените:
Една плаче за маж.
Друга плаче од маж,
трета плаче по туѓ маж.
Енена
05/11/2019
Виц на денот, Еротски
4,666
Цветко и вика на жена си:
– Жено, морам да ти се исповедам нешто…
– Што си направил сега?!
– Кога имаме секс цело време мислам на Трпана.
– Ѓубре едно! Јас со кој и да имам секс, само на тебе мислам.
Енена
04/11/2019
Виц на денот, Личности
1,379
Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, знаеш што е папучар?
– Не!
– Па, изгаси ја правосмукалката да ти кажам!
Теа
31/10/2019
Виц на денот, Образованиe
1,304
Влегува лектор во сендвичара:
– Здраво ќе може еден хамбургер?
– Да, со све?
– Без “в”.
Енена
31/10/2019
Виц на годината, Виц на денот, Политички
5,862
Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?
Виц на годината (2019)
Холовиц
30/10/2019
Виц на денот, Вицови, Личности
3,547
Цветко го прашува Трпе:
– Комшија не знам како ти успева.
– Што?
– Цел ден се расправаш со жена ти, а ноќе имате бурен секс. Која ти е тајната?
– Па, таа ми е ноќната сопруга.
Енена
29/10/2019
Виц на денот, Вицови, Личности
2,270
Трпана и Трпе лежат во кревет, Трпана заводливо го прашува:
– Трпе, ќе ме „казниш“ ли оваа ноќ?!
– Спиј си Трпано, ништо не си виновна.
Холовиц
28/10/2019
Виц на денот, Разно
1,310
Трпе го прашува Цветко:
– Како доаѓаш на работа?
– Со тешки маки.
– Не мислев на тоа, туку како стигнуваш?
– Во депресија…
Холовиц
24/10/2019
Виц на денот, Вицови, Расистички
1,578
Прашува Влав:
– колку е 2+2
– 4
– Еее, многу малку бе.
Холовиц
22/10/2019
Виц на денот, Личности
2,328
На попис ја прашуваат Трпана:
– Што работите, госпоѓо?
– Јас сум комшивка.
– Каква професија е тоа, што прави комшивката?
– Па мрази, завидува, колне, се жали…
Енена
22/10/2019
Виц на денот, Личности
828
Застанува Трпе да се измери на вага и го вовлекува стомакот.
– Тоа нема да ти помогне – му вели Трпана.
– Помага, помага. Инаку не можам да ги видам бројките.
Енена
19/10/2019
Виц на денот, Си биле...
12,546
Планинареле Македонец, Американец и Кинез се качиле на некој врв и нашиов прв почнал да вика:
– Теее саакааам!!!
И низ планината одекнало
– Тее саакааам, тее саакааам…
Американецот извикнал:
– I loove yoouuu!!!
А ехото одговорило:
– I loove yoouuu, I loove yoouuu…
Кинезот извикал:
– 我愛你!!!
А ехото:
— Кааакоооооо?!
Холовиц
18/10/2019
Виц на денот, Образованиe
1,254
Наставничката во школо го прашува малиот Трпе:
– Трпе зошто немаш домашна?!
– Не сме ја свариле уште наставничке! Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?
Енена
17/10/2019
Виц на денот, Личности
2,152
Трпе и раскажува на жена си:
– Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна…
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!