Дома / Вицови / Виц на денот (страна 13)

Виц на денот

Понуда

Трпана го прашува Трпе:
– Каква ти е оваа порака на телефон?
– Не знам, која порака?
– Пишува: Сакаш во петок орално да те задоволам?
– Значи овие од телеком не се нормални со понудите!

Корица

СМС од синот:
“Тато, вечерва нема да си дојдам дома. Ќе учиме физика со Трпана.”
СМС од таткото:
“Сине, стави му корица на учебникот.”

Риба

Цветко се пушта на некоја девојка:
– Аххх… баш си рибетина!
– Ммм да, и во хороскоп сум риба.
– Знам!
– Од кај знаеш?
– Паа имаш бркови као сом!

Операција

Пациент во операциона сала го прашува докторот:
– Докторе, навистина ли ќе ме оперира студент?
– Да.
– А ако е неуспешна операцијата?
– Нема да го положи испитот!

Прашања

Малиот Цветко го прашува татко си:
– Тато, што е тоа камиказа?
– Тоа е човек што останал да живее во Македонија.
– Тато, а што е тоа мазохист?
– Тоа е човек што живеал во странство и се вратил повторно во Македонија.

Јајца

Трпана му вика на Трпе:
– Оди купи јајца од продавница!
– Имам две, уште колку треба?
– А тие две за ајдење ти се?!
– Не, само за лижење.
– Епа утре излижи си ги за појадок!

Шефот

Поп лета во авион и стјуардесата го прашува:
– Попе, ќе се напиете нешто? Има виски, коњак, вино?
– На која висина летаме?
– 8 илјади метри.
– А не, фала, многу сме високо, шефот може да ме види.

Втора жена

Цветко ѕвони среде ноќ на матичниот лекар:
– Докторе изгледа жена ми има воспалено слепо црево…
– Не е можно! Пред две години и го извадија слепото црево на жена ти, а јас досега не сум слушнал некој да има две слепи црева!
– А за втора жена си слушнал ли?!

Срца

Попот го сретнал Трпе и му вели:
– Денеска венчав три пара, и сега седум срца се исполнети со радост!
– Попе, сакаш да кажeш шест срца.
– Ти да не мислиш дека ги венчав без пари?!

Мачор

Атрактивна девојка во автобус држи мачор кој и се умилкува во пределот на градите.
Дечко кој седи до неа пробува некако да и направи муабет:
– Уф колку би сакал да сум на местото на вашиот мачор… Каде го носите?
– На кастрација!