Енена
24/09/2019
Виц на денот, Образованиe
9,176
Учителката ги прашува децата што би сакале да бидат кога ќе пораснат:
– Трпе ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
– Јас учителке сакам да бидам успешен и на жена ми да и купам јахта, дијаманти, замок, ферари…
– Браво Трпе, убаво. А ти Цветко?
– Јас учителке сакав да бидам космонаут, ама сега сакам да бидам жена на Трпе!
Холовиц
20/09/2019
Виц на денот, Личности
1,352
Малиот Трпе ја прашува мајка си:
– Мамо каде е кравата на тато?
– Што збориш сине, татко ти нема крава.
– Е како нема, кога прееска и кажа на комшивката дека има подобро тело од неговата крава!
Холовиц
19/09/2019
Виц на денот, Личности
1,127
Трпе и вика на Трпана:
– Што ќе направиш ако ти кажам дека ќе умреш утре?
А Трпана му враќа:
– Ќе умрам денес, зошто мразам кога си во право!
Холовиц
17/09/2019
Виц на денот, Полицајски
6,501
На граничен премин, полицаец му се јавува на службеникот на должност:
– Здраво шефе, пронајдовме 170 килограми кокаин.
– Што 120?
– Да 90!
– Не можам да те чујам добро, ми прекинуваш! Рече 50тина?
– Да 30!
– Па, не ми се јавувај за ништо!
Холовиц
13/09/2019
Виц на денот, Плавуши
1,884
Застанува плавуша на бензиска, работникот на пумпата ја прашува:
– 95 или 98 сакате?
Плавушата го гледа зачудено и го прашува:
– А што немате од оваа година?!
Холовиц
11/09/2019
Виц на денот, Личности
6,204
Трпе отишол на лов и по една недела се јавува дома:
– Жено тука се е добро, како е дома?
– Дома е се во ред, што се случува?
– Нема да јадеме месо цел месец!
– Ауу, зарем улови некој елен?
– Не ја испив цела плата.
Енена
10/09/2019
Виц на денот, Разно
7,965
Дечко трча по градски автобус и едвај во последен момент се качува.
Една млада и весела госпоѓа му вели:
– Знаете ли дека по автобус и по жена не се трча?
Дечкото (задишано):
– Се трча, се трча, додека се качиш…
Холовиц
06/09/2019
Виц на денот, Личности
1,237
Трпе и Цветко пијат долго во некој бар. По некое време Цветко се превртува од столчето, паѓа на земја и заспива.
Барменот и Трпе се гледаат и Трпе му вика на барменот:
– Епа едно може да му признаам, знае кога да сопре.
Енена
05/09/2019
Виц на денот, Личности
1,052
Отишол Трпе на рентген и радиологот го прашува:
– Што треба да снимате?
– Па јас би музички спот за да станам славeн, али докторот инсистира да ја снимам главата!
vicotekamk
04/09/2019
Виц на денот, Плавуши
6,822
Две плавуши разговараат:
– Си имала секс во вода?
– Да!
– Каде!?
– Во Кисела вода, бившиот живееше таму.
Маја
02/09/2019
Виц на денот, Личности
1,536
Трпана му се жали на Трпе:
– Барем еднаш да ме однесеше на вечера!
– Извини, ама ја не искачам со мажени жени.
– Ама јас сум твоја жена!
– Не, не. Не правам исклучоци.
Енена
28/08/2019
Виц на денот, Плавуши
1,408
– Со што се занимаваш? – прашува плавушата.
– Јас сум уличен продавач.
– Ау, колку интересно! И колку чини една улица?
Енена
27/08/2019
Виц на денот, Разно
3,659
На интервју за работа:
– Колкава плата очекувате?
– Паа, околу 1000 евра.
– Ќе ви дадеме 3000 евра плата, серетарка, службен автомобил и возач.
– Вие се заебавате?!
– Па вие први почнавте!
Енена
26/08/2019
Виц на денот, Личности
910
Директорот ѕвони кај секретарката:
– Трпано, некој идиот да не се има јавено сабајлево?
– Не директоре, вие сте првиот.