Дома / Вицови / Виц на денот (страна 17)

Виц на денот

Рентген

Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол:
– Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција.
Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле:
– Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот!

Трчање

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато! Да те прашам нешто?
– Прашај бе сине.
– Зошто секогаш мажите трчаат по жените, a не и обратно?
– А бе сине… како може такво нешто да прашаш. Па кај се видело стапицата да трча по глувчето?!

Миксер

Трпана му се јавува на Трпе:
– Каде си?
– Дома, мила.
– Сигурно?
– Да.
– Ај вклучи го миксерот!
Трпе го вклучува и миксерот брчи.
Следниот ден, Трпана пак се јавува:
– Каде си?
– Дома, мила.
– Сигурно?
– Да!
– Ај пак вклучи го миксерот!
Трпе пак го вклучува и миксерот брчи.
Третиот ден Трпана решила да се врати порано дома го начекала само син и:
– Каде е татко ти?!
– Не знам, ама го зема миксерот и излезе некаде.

Слика

Трпана го прашува Трпе:
– Зошто секогаш ја носиш мојата слика во паричникот.
– Кога се соочувам со некој проблем, без разлика колку голем ми изгледа, ја погледнувам твојата слика и проблемот исчезнува.
Трпана задоволно:
– Ти давам сила и надеж?
Трпе одговара:
– Да! Ти ја гледам сликата и се прашувам: „Кој проблем може да е поголем од овој?!

Крава

Трпе купил крава. По некое време ја носи на ветеринар:
– Убаво си јаде докторе, млеко убаво дава, послушна е, општо добра е, ама кога ќе ја одведам кај бикот, ќе седне на газот и не мрда.
– Да не ја купивте од Прилеп?
– Да бе, докторе, како погоди?
– Жена ми е од таму!

Избор

Трпе ја прашува Трпана:
– Мила, што да пуштам, порно или фудбал?
– Што знам миличок, ај порно… Фудбал, горе-доле, знаеш како се игра!

Донација

Младиот комшија ја среќава комшивката во лифтот.
– Каде ќе одиш, Трпано? – Прашува комшијата.
– Одам да давам крв.
– Колку се плаќа за давање на крв?
– Па 20 евра.
– Леле, малку! Јас, пак, одам да донирам сперма и банката ми плаќа 50 евра.
Трпана стегнува усни и луто тргнува напред. Наредниот ден, пак се среќаваат во лифтот.
– Пак ли крв ќе даваш, Трпана?
– М-мм…, одговара таа со полна уста!

Пари

Разговараат двајца старци:
– Абе Цветко, кога имаше 20 години одеше со 20 годишни девојки, на 50 години одеше со 20 годишни девојки,
cега со 80 години пак одиш со 20 годишни девојки!
– Добро…
– Епа како ти успева?!
– Абе и 100 години да имам, 100 евра cи се 100 евра!

Пилинг

Трпана го прашува Трпе:
– Драги да ми дадеш пари за пилинг!
– Што е пак сега тоа?
– Да си ја помладам кожата да ми биди мека и мазна.
– Вие змиите нели сами си ја менувате кожата?!

Готвач

Главниот шеф на еден ресторан го пробува јадење направено од Трпе.
– И ти работеше како готвач во војска?
– Да и плус тоа два пати ме ранија.
– Не ми е јасно, како не те утепале!

Мусака

Прва брачна ноќ… младите у кревет… настапува кулминација. Трпе вика:
– Трпанооо ќе ти ја изедам путкатааа!!!
Од ходникот се јавува свекрвата:
– Трпе, толку убава мусака сум ти напраила, ти најде шо да јадеш!

Мирис

Трпе дома залегнат, гледа фудбал и се испрдел квалитетно.
Во тој момент ѕвони ѕвончето, и Трпе брзо испрскал со освежувач на просторот со мирис на борова шума.
Влегува Цветко и уште од вратата вика:
– Трпе кај тебе мириса, како некој да се испосрал у борова шума!