Холовиц
02/05/2019
Виц на денот, Личности
4,470
Се враќа Трпе од службен пат дома и ја гледа Трпана, па ја прашува:
– Што ти е тоа на вратот?!
– А, ова на вратот? Се гризнав…
Холовиц
02/05/2019
Виц на денот, Разно
3,712
Пациент оди кај лекар:
– Докторе толку многу кашлам, дури не можам ни да дишам како што треба…
– Пушиш ли?
– Да!
– Епа откажи ги цигарите!
Во истиот момент докторот пали цигара и почнува да пуши.
– Ама докторе и вие пушите!
– Пушам ама не одам да досадувам по лекари!
Енена
25/04/2019
Виц на денот, Образованиe
1,825
Во училиште, учителката го прашува малиот Трпе:
– Кажи Трпе кој месец има 28 дена?
– Сите учителке, само што некои имаат и повеќе!
Енена
24/04/2019
Виц на денот, Разно
1,487
Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто избега од затвор?
– Сакав да се оженам.
– Многу чудна претстава за слободата имаш момче!
Холовиц
23/04/2019
Виц на денот, Глупи, Личности
6,183
Цветко го прашува Трпе:
– Трпе колку деца имаш?
– Два сина и третиот е на пат.
– Од кај си сигурен дека и третиот е син?
– Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…
Енена
23/04/2019
Виц на денот, Разно
2,140
Во Охрид, сред туристичка сезона:
– Ајде повелите да се повозите со кајче.
– Не фала, од Охрид сне.
– Ам шо аку, оние од кочани ориз не јадет?
Енена
18/04/2019
Виц на денот, Политички
3,089
Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А дури кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!
Енена
18/04/2019
Виц на денот, Личности
5,123
Трпана и врти на Цвета по телефон:
– Цвето, да не е маж ми кај тебе?!
– Не, зошто?
– Слушнав почнал да оди по курви, па си помислив да не е кај тебе.
vicotekamk
17/04/2019
Виц на денот, Прашање - Одговор
1,191
– Ало, господине се јавуваме од ДИК, дали вие имате право на глас?
– Момент само, да ја прашам жена ми!
Енена
16/04/2019
Виц на денот, Политички
6,026
Во јавното обвинителство испрашуваат инспектор од УЈП:
– Како со платата на обичен инспектор изградивте ваква луксузна вила?
– Фатив златна рипка и таа ми исполни една желба.
– Како ќе докажете?
– Па не ли ја гледате вилата?
Енена
11/04/2019
Виц на денот, Личности
2,128
Трпе се облака сабајле и се врти на Трпана и радосен и кажува:
– Жено види колкав ми е! Не ми го збира во гаќи.
– Добро бе Трпе… колку пати ти кажав да не ми ги облакаш моите!
Енена
09/04/2019
Виц на денот, Разно
7,696
– Од каj си?
– Од Куманово.
– А сопругот?
– Од Струмицa.
– По дома како се разбирате?
– На Англиски, службен ни е.
Холовиц
28/03/2019
Виц на денот, Расистички
8,676
Се возат во воз Влав и Црнец. Црнецот извадил ананаси и портокали да јаде, Влавот го гледа и го прашува:
– Што ти е тоа?
– Јужно овошје. Сакаш да пробаш?
Му изел Влавот два ананаса и три портокали
По некое време тој вади локум и Црнецот му вика:
– Што ти е тоа?
– Локум.
– Дај да пробам.
– Што ќе пробаш, локум ко локум.
Енена
25/03/2019
Виц на денот, Личности
6,693
Трпе оди на доктор цел избезумен и му вели:
– Докторе, не можам да ја задоволам жена си. Таа сака по десет пати на ден…
– Штооо?!
– Пари, докторе, пари!