Дома / Вицови / Виц на денот (страна 20)

Виц на денот

Локум

Се возат во воз Влав и Црнец. Црнецот извадил ананаси и портокали да јаде, Влавот го гледа и го прашува:
– Што ти е тоа?
– Јужно овошје. Сакаш да пробаш?
Му изел Влавот два ананаса и три портокали
По некое време тој вади локум и Црнецот му вика:
– Што ти е тоа?
– Локум.
– Дај да пробам.
– Што ќе пробаш, локум ко локум.

Незадоволена

Трпе оди на доктор цел избезумен и му вели:
– Докторе, не можам да ја задоволам жена си. Таа сака по десет пати на ден…
– Штооо?!
– Пари, докторе, пари!

Овци

Трпе отишол на службен пат, па и се јавува на Трпана да и каже како си поминува:
– Секоја ноќ те мислам.
– Аии што така?
– Бројам овци пред спиење.

Тајна

Му прават интевју на некој сточар во планинско село кој имал 100 години:
– Кажете ни, која е вашата тајна за долг живот?
– Епа прво, работам на планина на чист воздух и тоа ме прави здрав и како второ веќе 100 години јас им кажувам на говедата што да прават, а не тие мене.

Замор

Трпе и Трпана имале секс долго време. Трпе целиот задишан и испотен подзапрел малку, а Трпана му вели:
– Ах мил мој, многу се измори… Камо да имаше сега некој да те замени.

Иронија

Што е иронија?
-Вечер централниот дневник на Сител да го води Ивона и да и каже на јавноста дека рокот за пријавување на данок истекува на 15 март!

Лозинка

Трпе отишол кај Цветко на гости:
– Ке може да ми го кажеш пасвордот од вифи-то?
– На гости не се седи повеке од пола саат – споено!

Иднина

Оди жена кај гатачка:
– Ке може ли да ми ја претскажеш иднината?
– Не е проблем – рекла гатачката и започнала:
– Те очекува една навистина бурна пролет со многу патувања, многу емоции и многу секс, ама на крај ќе ти падне многу тешко.
– Зошто?!
– Маж ти ќе дознае!

Пролет

Малиот Трпе ја прашува учителката:
– Учителке, од кај знаете дека доѓа пролет?
– Штом панталоните купени лани можам да ги закопчам, поминала зимата Трпе.

Злато

Во 3 часот наутро, некој ѕвони на врата кај Трпе и Трпана. Трпе станува и оди да отвори да види која будала ѕвони во ниедно време:
– Еј, кој сте вие?
– Лопови.
– А, што сакате?
– Сакаме да имате злато!
– А, колку ви треба? Многу?
– 100 кила!
– А, може ли 105?
– Па зошто да не, дајте 105!
– Трпана, злато мое, станувај, дојдоа по тебе.

Тепачка

Се јавува Трпе во пожарна:
– Ало! Се степаа двајца!
– Дечко што да правиме ние? Наша работа е да гасиме пожари, а не да сопираме тепачки!
– Епа едниот е полицаец, а другиот доктор! Кај да се јавам?!

Црн пазар

Трпана и се доверува на Цвета:
– Знаеш што дознав вчера!
– Што?!
– Дека машките тестиси на црниот пазар вредат 4 милиони евра!
– И?
– Вечерта го гледам маж ми како спие и ова мисла не ми дава мир!

Нова кола

Трпе купува автомобил Audi, па Трпана му вика:
– Трпе колата е половина моја, сакам и јас да се научам да возам!
– Точно Трпано, колата е навистина пола твоја, ама заборавиле на твојата страна да стават волан!