Дома / Вицови / Виц на денот (страна 21)

Виц на денот

Бурек

Си купил Трпе бурек за доручек, загризува, отпива од јогуртчето и забележува дека нешто му мрда меѓу забите. Брка со прстите и вади влакно од устата. Ги засукал ракавите и нервозно оди кај бурекџијата:
– Што ставаш во бурекот?
– Пааа… Брашно, вода, месо, јајца…
– А зошто не ги избричиш?

Камасутра

– Сине, ај дојди тука!
– Да, тато. – Ти книгата „Кама Сутра“ ја фаќаше ли?
– Да.
– А црташе ли нешто внатре?
– Цртав.
– Ајде сега оди и расплети ја мајка ти.

Трговец

Влав, стар трговец, го води својот син за прв пат во продавницата.
Вечерта жена му го прашува:
– И како поминавте денес?
– Добро… ама ќе му треба уште време.
– Не знае ли да рачуна? Со муштериите ли не се однесува убаво?
– Супер се однесува, супер рачуна.
– Тогаш што е проблемот?
– Многу плаче кога враќа кусур.

Алкохол

Трпе оди на пазар, застанува пред тезга и го прашува продавачот:
– Извинете, зошто краставициве мирисаат на алкохол?
Продавачот се поместува 2 чекори назад и му вика:
– А сега?

Паметно куче

Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите. По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
– Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
– Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден…
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
– Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
– Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.

Поука од приказната:
Колку и да изгледате умешен и паметен за околината, никогаш нема да бидете доволно добри за вашиот шеф.

Реклама

Стои жена пред зградата и вика по мажот:
– Швалериште! Пола жени во градот ги легна!
Поминува крај неа друга жена и ја прашува:
– Ти него го караш или го рекламираш?

Болви

Разговараат две болви.
Првата прашува:
– Како си помина вчера?
Втората:
– Па, бев на опера. Бев во мустаќите на диригентот, прекрасно беше, се додека тој не кивна.
Првата:
– И, што се случи?
Втората:
– Па летнав помеѓу градите на пејачката. Таму беше многу топло и клизаво, така паѓав, надоле, надоле стана толку загушливо и смрдло, што паднав во несвест.
Првата:
– И што се случи потоа?
Втората:
– Па, не знам искрено ама, следното утро повторно се разбудив во мустаќите на диригентот.

Офкање

Една кумановка дознала дека муж ву гу вара и решила да не прави проблеми, него да седне и да разговара с’с њега.
– Кажи ми у што е подобра од мене?
– Па, свиѓа ми се тој што она офка док га правимо оној, а ти не.
– Па можу и ја само кажи к’д.
Отишле у кревет и жена га прашуе:
– Може ли с’г?
– Не, чекај.
После 3 минута:
– А с’г?
– Може.
– Оф леле, немамо паре! Оф леле, мори мајко немамо паре. Оф леле, како ке га вратимо кредит!?

Семејство

По еден месец забава девојката му вели на дечкото:
– Па, драги по овој период мислам дека е време да ме претставиш на твоето семејство!
– Нема таква можност!
– Зошто?
– Па, жена ми е на работа, а децата се во училиште !!!

Ергенска вечер

Трпана нервозно го прашува Трпе:
– Кај беше цела вечер?
– Кај Цветко на ергенска вечер…
– И што, си викнавте некоја ороспија и се изредивте сите?
– Не.
– Како не, мислиш не сум била на ергенска вечер.

Бабичка

Полицаец застанува бабичка од 80 години и и вели:
– Па добро госпоѓо, зошто возите толку брзо?
Бабата: Ма дај пушти ме, дур сеуште памтам кај сум тргнала.

Апче

Трпе оди во аптека.
– Дајте ми вијагра од 50мг за да ја израдувам жена ми вечер!!
– Жал ми е, но во моментов немаме од 50мг. Ќе ви дадам една од 100мг и ќе ја расцепите на две.
– Кој жената ли??
– Не господине, таблетата.

Оженет

На семејниот ручек се развикал таткото:
– Има да се ожениш и точка! Не ме интересира тоа твоето модерно „јас сум геј“. Ќе се растрчаме по пријатели со мајка ти и ќе ти најдеме жена. Ќе формираш свое семејство. Јасно?!
Се растрчале во едно село, друго село, еден град, друг град и успеале да го оженат синот.
Поминале недела, две, три… Жената се врти по домот нервозна, ги расфрлала сите чаршави, прекривачи, перници… Маж и ја прашува:
– Што бараш сега?
– Како што барам? К*р барам.
– Охохо… Кој си го најде, за него е!