Група посетители ја разгледуваат фабриката во која се произведуваат производи од гума. Водичот со гордост им ја покажува линијата за производство на цуцли, се е беспрекорно, совршено работи. Потоа одат до линијата каде што се произведуваат презервативи.
На крајот од линијата имало некој уред со игла и еден од посетителите приметил дека секој десети презерватив е пробушен од иглата. Зачуден го прашува водичот:
– Па вие изгледа намерно го бушите презервативите?
– Па да, така некако!
– Па тоа не е добро за работата со презервативите?!!
– Па да, но одлично е за работата со цуцлите!!!
Продавач на годината
– Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 евра.
– Што? За 115.237 евра? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече „надолу по брегот“, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Haines Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност беше дошол да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…
Штип
Силување
Презерватив
Шешир
Една девојка стоела на работ на бродот за крстарење. Колку убава девојка со шешир – си помислил еден од гостите. Таа го држела шеширот со двете раце бидејќи почнало да дува ветер. Господинот не можел да и одолее па и се доближил, за да се најде во муабет и рекол:
– Извинете госпоѓице, не сакам да ви сметам, но дали приметивте дека вашето здолниште се крена многу високо од ветерот?
– Да, приметив господине, јас морам да го држам шеширот со две раце може да ми летне.
– Но, вистинските госпоѓици треба да знаат оти нивните интимни делови не треба да бидат изложени во јавност!
Таа фрли поглед надоле, па потоа нагоре и му вели:
– Господине, ова што вие го гледате доле е старо 25 години.
– А шеширот го купив вчера.
Цвеќара
Пијани зајци
Чевли
– Мажу, пред да умрам мора да пробам еден поголем од твојот!
– Аман, жено, по 30 години брак, сега ли?
– Морам! Само еднаш!
– А како ќе го познаеш? Нема белки да одиш по улица и да бараш да им го видиш!
– А не! Слушнав дека мажи со големи стапала имале големи „алати“. Башка, само еднаш бе! Ту!
Се сложил мажот и отишла жената вечерта во кафеана, ги загледувала мажите во чевлите и кога го здогледала оној со најголеми чевли, му се пуштила како лавица. Излегле надвор, па во кола, се расоблекле, започнале и по 2-3 минути таа вели:
– А бре дечко, тебе да не ти клапаат тоа чевлите?