Дома / Вицови / Виц на денот (страна 24)

Виц на денот

Службено патување

Една жена доаѓа да работа со сино око. Нејзиниот колега забележува и ја прашува:
– Кој те среди вака?
– Мажот ми!
– Мажот ти? Мислев дека е на службено патување.
– Ха! Тој мислел! А јас бев сигурна.

Испит

Разговараат двајца студенти по завршувањето на испитот:
– Колку доби?
– 7.
– Па, нели се спремаше за 10-ка?
– Абе да, ама во последен момент си велам, да си добијам јас 7-ца, па да си купам ракија со остатокот од парите…

Маргаритка

Млад дечко ги кине ливченцата на маргаритката и вели:
Во 19 век:
– Ме сака, не ме сака…
Во 20 век:
– Ќе спие со мене, нема да спие со мене…
Во 21 век:
– Маж сум, жена сум…

Празници

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

Подарок

Комшијата го прашува малиот Трпе во лифтот:
– Што ти донесе Дедо Мраз, детенце?
– Играчка на батерии.
– А на мама?
– И на мама исто!

Кондом

Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката:
– Кондоми имате?
– Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина?
– Дајте ми еден со арматура!

Анестезиолог

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

Гости

Кавадарчанец оди дома и носи шест пакета вино, две шишиња ракија и два леба.
– Да не че иаме гости вечер!?
– Не бе, оти?!
– Ами шо толку леб си зел!!!