Дома / Вицови / Виц на денот (страна 25)

Виц на денот

Скитање

Трпе, зошто сакате да се разведете?
– Жена ми по цели ноќи скита по кафани.
– Ајдее… Да не лажеш?
– Не лажам господине судија. Мене ме бара…

Тежок живот

Тате ќе се мажам за Трпе комшијата!
– Немој ќерко, сирак е и сиромав, работи во три смени. Не е тој за тебе.
– Ама татко јас го сакам и готово одлучив!
– Ќерко имај барем малку милост за Трпе. На него животот му е доволно тежок и без тебе!

Враќање во живот

Избил пожар во едно болничко крило, па дошле пожарникарите и го изгаснале. Еден од пожарникарите му поднесува извештај на дежурниот лекар:
– Пожарот е успешно изгаснат, но имаше седум повредени. Им дадовме вештачко дишење и петмина ги вративме во живот. За другите двајца, за жал не можевме ништо да сториме.
Докторот само се фатил за главата и изустил:
– Како тоа петмина вративте во живот? Па Луѓе, вие гасевте пожар во мртовечницата…

Тактика

Цветко му вика на Трпе
– Како можеш бе секој ден да свириш на труба по 3 сати, а врска немаш од свирење?
– Тактика брат… кога ќе сакаш да го купиш станот што е до тебе, се ќе правиш…

Пушење

Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере:
– Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!!
– А кој работи?

Глупа

Трпана му вика на Трпе:
– Знаеш Трпе кога се земав со тебе бев многу глупава.
– Знам Трпано, ама јас бев многу вљубен во тебе, па не приметив…

Подарок

Трпана му вика на Трпе:
– Драги, што ќе ми подариш за роденден?
– Ништо! Еден добар секс, и толку!
– А ако не ти дадам?
– Ако си глупа….остани си без подарок..

Коса

Цветко се жали на докторот:
– Докторе, почна да ми паѓа косата, имате ли нешто за да ја зачувам?
– Ако сакаш имам една картонска кутија.

Трговец

Трпе и Цветко се сретнуваат после подолго време и Трпе го прашува Цветко:
– Цветко, како оди работа, со што се занимаваш сега?
– Фала богу добро оди, се занимавам со трговија со човечки органи!
– Па дали си ти луд, имаш ли срце?
– Уф, се потроши, ама да се слушнеме од следната недела…