Дома / Вицови / Виц на денот (страна 26)

Виц на денот

Приказни

Трпана му вели на Трпе:
– Имам многу приказни слушнато за тоа каков си во кревет.
– Ма дај, тоа не е ништо посебно.
– Да, така и имам слушнато.

Перење гаќи

Трпе ја прашува Трпана:
– Трпано, како ми ги переш гаќите?
– Па, така, ги ставам во машина за перење.
– А ставаш ли уште нешто?
– Прашок нормално.
– А уште нешто да не ставаш?
– Да, ставам и омекнувач.
– Епа тоа е!

Скршена рака

Цветко се шета и го гледа Трпе со гипс на раката:
– Што е бе Трпе, што направи?
– Ја скршив раката на три места.
– Еее Трпе, ја не би излагал повеќе на тие три места.

Хемија

Професор по хемија, на час, им вика на студентите:
– Гасот во оваа боца е смртоносен, доколку за несреќа протече боцата, какви чекори ќе превземете?
– Брзи, многу брзи чекори!

Јавна куќа

Грк оди во јавна куќа во Амстердам и вели:
– За мене едно пушење.
Дамата му вели:
– Господине, имате за 50 евра или за 500 евра.
Гркот вели:
– За 500 евра, имам јас пари!
Одеднаш пет жени доаѓаат околу него. Почнале да го бацуваат во бањата, па во сауната, па почнале да го масираат, го фрлиле на креветот, му го кренале алатот, па му го испрскале со шлаг и на врвот ставиле јагодка. Одеднаш гркот ги истуркал сите девојки и кажал:
– Дозволете ми сам да го направам тоа.

Страв

Иде Трпе во кафана и ги прашува другарите:
– Кој се плаши од жена си нека стане?
Сите станале, само еден продолжил да седи и Трпе го прашува:
– Ти бе зашто седиш?
– Само што ми ја спомна ми се пресекоа нозете.

Добар виц

– Ало, полиција?
– Да, повелете!
– Ви се јавувам да ми кажете некој виц!
– Господине, ова е сериозна институција, ние работиме овде, немаме време за вицови!
– Хахаха, топ виц, поздрав!!!