Nikola
27/02/2017
Виц на денот, Разно
7,033
Оди млад човек во матично:
– Можe да закажам венчавка за во вторник?
– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
– Е па за да не си го расипам викендот.
Јован
24/02/2017
Виц на денот, Разно
18,478
Се шетаат двајца вампири еден татко и еден син. Таткото му вика на синот:
– Сине види го гледаш она село.
А синот одговара:
– Да татко го гледам.
– Епа тогаш ако го гледаш, гледаш колку куќи има таму?
– Да тате многу куќи има.
– Кога ќе дојде 00:00 часот ние ќе се спуштиме доле и ќе му ја исцицаме крвта на секој еден член од семејството на секој 5 куќи.
По ова синот одговара:
– Ама тате зошто да се мачиме на секој 5 куќи зошто од првата куќа не им ја исцицаме крвта на сите членови од семејството.
На ова таткото одговара:
– Сине ние не сме извршители, ние сме вампири.
nikola
21/02/2017
Виц на денот, Разно
6,215
Се вози тип на мотор и случајно удира еден врабец во лет. Му паднало жал, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб.
Неколку часови подоцна, кога врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае:
– Решетки, леб, вода… сум го убил мотоциклистот!
Дики
15/02/2017
Виц на денот, Информатички
2,348
Како програмер изразува сочуство?
– Прими ја мојата техничка поддршка.
Виктор
11/02/2017
Виц на денот, Разно
5,125
Седи човек во кафана со пријателите запиени, после некое време решава да си оди накај дома.
Станува и паѓа доле, вика не ги осеќам нозете, пријателите му се смеат.
И така полека до дома, да стане паѓа на земја, да стане паѓа на земја ама се довлечкал некако до дома.
Сабајле жена му:
– Говедо едно пак си пиел вчера во кафана!
– Не бе злато, не сум пиел.
– Е како бе не, ми се јавија од кафаната вчера, пак си ја заборавил инвалидската количка.
TT
10/02/2017
Виц на денот, Полицајски
6,879
– Добар ден…
– Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
– Не, зошто прашувате?
– Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
– Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!
Ќелав Киро
09/02/2017
Виц на денот, Разно
3,936
На автобуска во Струмица:
– Се извинувам, каде ви е тоалетот?
– Маледеизлезејодвонкашнатастрана…
– Нема проблем, ќе издржам до Радовиш…
Роби
01/02/2017
Виц на денот, Личности
9,491
Цветко се пушта на девојка:
– Девојко сакаш ли малку виски?
– Може, ама малку…
– Да ти ставам два прста?
– Еј, дај прво виски!
Рики
30/01/2017
Виц на денот, Разно
2,320
– Тато, зошто ти е помодрено окото!?
– Ќе ти го помодрам и ја твоето ако девојка ти пак си ги заборави гаќите во мојот автомобил!
Antonio
23/01/2017
Виц на денот, Личности
7,492
Трпана: Трпе кај ќе одиме на одмор во лето? Може Дубаи?
Трпе: Каков одмор, Ова лето треба да мислиме како да го вратиме кредитот…
Трпана: Добро бе миличок па и во Дубаи можеме да мислиме…
Еленче
20/01/2017
Виц на денот, Разно
9,594
Во кафич:
Жена:
– Како ме гледа, пали цигара, нервозен е. Сигурно многу ме сака.
Маж:
– Да ти ебам Реал, само него не го фатив!!! Види ја козана како зјапнала во мене.
ТТ
18/01/2017
Виц на денот, Прашање - Одговор
2,427
Што прави Дедо Мраз со линијар?
– Мери Крисмас.
ТТ
17/01/2017
Виц на денот, Прашање - Одговор
2,448
Како келав се чешла?
– Со влажни марамчиња.
Filip
13/01/2017
Виц на денот, Еротски
4,255
Докторот:
– Госпоѓо имате 80 години, а вашиот пријател има 25. Секој сексуален акт може да доведе до смрт!
– Па сега… ако умре – умре.