qk
11/01/2017
Виц на денот, Личности
12,940
Зборат Трпе и Цветко:
– Абе да ти кажам, жена ми ме изневерува со петелот.
– Е како така, од кај знаеш?
– Па ете, кога се вратив дома, гледам во креветот пердуви.
И другиот му вика:
– Леле, абе жена ми мене со камион ме изневерува.
– Е како бе така?
– Епа кога се вратив дома пред некој ден, во кревет го гледам шоферот.
Енена
09/01/2017
Виц на годината, Виц на денот, Полицајски
10,093
Во полициска станица:
– Шефе, жена убила маж со 12 убоди.
– Причина?
– Одел бос додека го бришела подот.
– Ја уапсивте?
– Не, чекаме да се исуши подот.
Виц на годината (2017)
Елка
07/01/2017
Виц на денот, Еротски
21,511
– Миличок ми здосади да да имаме секс само по дома. Може ли да пробаме на некое друго место?
– Важи миличка.
– Во лифотот?
– Може ќе го заглавиме помеѓу два ката.
– А во влезот?
– Аааа не! Ќе наиде некој комшија и маани ќе ми наоѓа.
ТТ
29/12/2016
Виц на денот, Личности
9,140
Доцна навечер ѕвони мобилниот на Трпе:
– Ало, дали е тоа сопственикот на Ауди сервисот?
– Да, повелете!
– Се јавувам во врска со BMW-то во вашиот салон…
– Господине, ние немаме BMW…
– Епа сега имате, ми откажаа кочниците!
Боки
28/12/2016
Виц на денот, Разно
3,353
– Колешке многу убаво ти стои кошулата.
– Фалааа! Oдоздола немам ништо.
– Е ако де ќе пораснат.
Киро
19/12/2016
Виц на денот, Еротски
10,493
Плавуша се секса со некој тип.
– Тоа, тоа, појако, појако!!!
А на тоа типот и одговора:
– Чекај бе, па нели ми кажа дека си невина?
– А, да, да! Боли, боли…
ТгТ
17/12/2016
Виц на денот, Личности
2,217
Влегува Трпе дома.
– Здраво Трпана!
– Само тоа имаш да кажеш?! Излезе леб да купиш пред три дена, никаде те нема!
– Уф, срање… лебот. Се враќам одма.
Коте Пратикучи
16/12/2016
Виц на денот, Разно
5,448
– Мамо, што има за ручек?
– Фолклорна боранија.
– Каква е таа?
– Ќе јадеш и оро ќе играш!
Енена
23/11/2016
Виц на денот, Личности
2,933
Малиот Трпе и вика на Трпана:
– Мамо, летаат ли ангелите?
– Да, душо!
– Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета.
– Утре ќе ја видиш.
Љупчо
19/11/2016
Виц на денот, Личности
4,781
– Уф бре матер ти ебам, пак остави кармин на филџанот.
– Ама тоа е нормално бе тато!
– Не е нормално Трпе, не е нормално… Живи не изеде!
Enena
16/11/2016
Виц на денот, Личности
17,577
Трпе работел во мртовечница и една вечер и звони на мобилен на Трпана: – Маче, каде си?
Трпана: – Еве дома.
Трпе: – Ај ќе дојдам да те соберам да шетаме негде.
Трпана: – Па нели колата ти е на мајстор?
Трпе: – Па ќе одиме со оваа од работа што ми е…
Трпана: – Аууууууууууу не се возам јас во таа кола…
Трпе: – Мори глупачо, луѓе умираат да се возат во таа кола, ти нејќеш….
Холовиц
10/11/2016
Виц на денот, Политички
13,028
Се враќа политичар дома и почнуда да ја бакнува жена му.
– Се е готово, ме избраа!
– Навистина? Да не лажеш?
– Не драга, веќе нема потреба.
Енена
31/10/2016
Виц на денот, Личности
10,180
Цветко се обраќа на келнерот:
– Keлнер, уште колку да чекам за рибата?
– Еве се готви, ќе биде за брзо…
– ОК, некои риби и по 5-6 месеци сум ги чекал…
Раде
30/10/2016
Виц на денот, Разно
29,098
Дошле неколку калуѓерки на исповед. Првата вика:
– Оче, грешев. Го допрев со прст.
– Одма оди и стави го прстот во светата вода!
Доаѓа втората:
– Оче, грешев. Го фатив со рака.
– Ајде и ти, одма стави ја раката во света вода!
Одеднаш една калуѓерка од крајот на редот довикува:
– А може и јас да ја измијам устата со светата вода, пред оваа пред мене да го измие гзот?!