Љупчо
27/10/2016
Виц на денот, Личности
11,789
Отишол Трпе на доктор, па Цветко го прашува:
– Што ти кажа докторот?
– Дека ми се помешале органите!
– Како бе?
– Така. Ми отишол џигерот у курац…
Љупчо
21/10/2016
Виц на денот, Полицајски
13,374
Полицаец запира плавуша за прекршок.
Полицаецот:
– И сега што правиме?
Плавушата:
– 500 денари или да ги соблекувам гаќите?
– Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се фатат.
Аце
18/10/2016
Виц на денот, Личности
10,131
Трпе му вика на Цветко:
– Абе што ми кажаа еден ресторан, давале бесплатна храна, бесплатно пиење и на крај и бесплатен секс!!!
– Каде бе?
– Не знам, Трпана вчера била.
Дамјан
13/10/2016
Виц на денот, Разно
13,143
Се лизга влав од кровот и се задржува со една рака да виси…
– Женоо, женоо!
– Кажии!
– Направи ли ручек?
– Не!
– Не прави, во болница ќе ручаме.
Таше
11/10/2016
Виц на денот, Полицајски
15,475
Полицаец сопира возач:
– Возачката ве молам!
– Повелете!
– Дали имате пиено, Павле?
– Е од каде сега Павле?
– Па Апостол, така пишува?!
– Абе тоа ми е иконата во возачката.
ТТ
10/10/2016
Виц на денот, Личности
4,291
Трпана му вика на малиот Трпе:
– Убава ти е девојката.
– Фала мамо, а не е ни скапа, 50 евра од саат.
Горан
06/10/2016
Виц на денот, Разно
5,140
Цветко влегува во аптека:
– Дали имате апчиња против мрза?
– Имаме!
– Може ли да ми ставите едно на јазикот?
Владе
02/10/2016
Виц на денот, Плавуши
5,447
Плавуша раскажува виц:
– Си биле две црни плавуши…
Гане
28/09/2016
Виц на денот, Разно
7,035
Во лифт заглавиле еден дечко и една малку грда девојка. Девојката го предупредува:
– Ако пробаш нешто ќе почнам да врискам!
– И јас…
Ри4и
03/09/2016
Виц на денот, Личности
2,986
Трпе на пазар:
– Какви круши имате,треба да купам за жена ми ?
– Имам само од овие што ја собираат устата.
– Супер. Дај ми гајба.
Трпе
02/09/2016
Виц на денот, Личности
21,048
Адвокатот што го застапува Трпе му вели:
– За тебе имам и добра и лоша вест.
– Ајде прво лошата.
– Крвта што ти ја земаа за анализа, одговара со крвта најдена на местото на злосторството.
– Е што е добро тогаш?
– Холестеролот и шеќерот ти се супер.
Енена
01/09/2016
Виц на денот, Разно
5,108
На пазар.
– Извинете, палиџанов наш, македонски е?
– А тебе за јадење ти треба или муабет ќе му правиш?
Елена
31/08/2016
Виц на денот, Личности
5,699
Разговараат Трпе и Цветко:
– Морам да се разведам. Жена ми два месеци не ми зборува!
– Треба да размислиш. Ретко се наоѓа таква жена…
Ив
30/08/2016
Виц на денот, Образованиe
4,237
Наставничката му се јавува на таткото на Трпе:
– Господине, син ви е много немирен.
– Знам, ако беше мирен ќе си го чував јас дома.