Дома / Вицови / Виц на денот (страна 31)

Виц на денот

Комарец

Трпе и Трпана воделе љубов и одеднаш еден комарец и влегол на жената меѓу нозете. Веднаш отишле на доктор.
– Ништо страшно, рекол докторот. Јас ќе си го намачкам со специјален леплив крем, ќе го ставам еднаш и комарецот ќе се залепи. Така медицината ги решава овие проблеми.
Го ставил еднаш, го извадил и нема ништо. Уште еднаш и пак ништо. Почнал да го става и да го вади. Трпе вознемирено запрашал:
– Еее што правиш?
Докторот:
– Јас можеби нема да го извадам комарецот, ама ќе го смачкам!

Давање

Некој дечко фатил влаинка за девојка и и вика:
– Дај бе испуши ми го.
– Не може!
– А да ти го дадам да ми го испушиш?
– Давај!

Расправање

Трпе прашува една баба:
– Како успеавте да доживеете 110 години?
– Тоа е лесно, не се расправам со никого…
– Ама тоа не е возможно!?
– Апсолутно сте во право.

Бразда

Прашуе га келнер кумановца у кафану:
– Изволте што ќе се напиете?
– Какву ракију имате?
– Има домашна и Антика..
– Дај ми едну Антику.
И такој испија кумановац едно 4-5 Антике…ама после некое време на келнера му снемало од Антику па си кажаја..Ај бе ќе му сипу од домашну нема ни да осети…
Носи му гу ракију на кумановца и ов’ј само што пробаја кажаја му:
– Дечко абе овој не е иста ракија?
– Абе од исто лојзе е, една бразда ги дели…иста е.
– Дечко, како што те гледам сигурно си женет?
– ДА!
– Вечер к’д ќе се прибереш дома стави два прста у двете дупке куде жену ти и излижи ги прсти…една бразда ги дели ама немав ист укус.

Казино

Згодна надарена плавуша влегува во казино, вади 10.000 евра и им вели на мажите околу масата:
– Се надевам дека нема да ви смета ако се соблечам гола, така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и вели:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта.
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу неа:
– Погодок, погодок!! Ви благодарам многу !!
Плавушата ги зела сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледаат и не им се верува што се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе шо број и падна на оваа?

Работа

Трпе го сретнува Цветко после подолго време и го прашува:
– Работиш нешто?
– Во јавна администрација.
– Прашав дали работиш нешто.

Возење

Влав го прашува таксистот:
– Колку должам за возењето?
– 200 денари.
Влавот дава 100, а таксистот се буни:
– Не 100, туку 200!
– Па што сакаш, и ти се возеше!

Три промили

Разговараат двајца алкохоличари:
– Колку треба да испиеш за да имаш три промили алкохол во крвта?
– Паа, треба два дена да не пијам ништо.

Просење

Лежи Црногорец на плажа, ставил шешир на половиот орган и на шеширот натпис: ГЛЕДАЊЕ 5 ЕВРА.
Поминале две дами, ставиле 5 евра, го кренале шеширот и погледнале.
Едната дама прашува:
– А колку чини малку да поработи?
Црногорецот одговара:
– Бегај таму, да сака да работи, не би просел.

Рај или пекол

Македонец умрел и на небото го дочекал Свети Петар.
– Каде сакаш да одиш, во рајот или во пеколот?
– А не може во Австралија?! – разочарано прашал Македонецот.

Писмо

Трпана на психијатар:
– Значи премногу бес има во тебе. Напиши писмо до тој што те нервира, искажи се и после запали го.
– Ок. А со писмото што да правам?