АИППБТ
25/06/2016
Виц на денот, Разно
19,633
Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска и си тргнал накај дома. На враќање поминал низ центарот на градот и гледа – кино. Решил да види што е тоа, но на вратата не го пуштиле да влезе со гуската. Мислел човекот, размислувал, и ја скрил гуската во панталоните.
Го пуштиле во киното, влегол, филмот почнал, но гуската постојано мрдала и не му дозволувала да гледа. Му здосадило и и ја извадил главата преку патентот на панталоните. По неколку минути жената што седела до него се онесвестила.
Ја одвеле на доктор и докторот ја прашал:
– Што се случи?
– Си седам јас во киното, а до мене седи некој маж. Одеднаш тој го извади „алатот“, и јас се онесвестив.
– Е што толку? Нели си видела „алат“ друг пат?
– Секако дека сум видела, ама овој неговиот почна да ми јаде од пуканките.
Фаде
24/06/2016
Виц на денот, Разно
10,117
Две пријателки:
– Слушам, ќерка ти ќе се мажи. Зетот каков е?
– Ооо, зетот е многу погоден. Ептен економичен, со една марула 8 ракии пие!
Васе
22/06/2016
Виц на денот, Разно
19,608
Шефот им кажува на вработените глуп виц.
Сите се газат од смеење, само еден од вработените си молчи.
– Ти зошто не се смееш?!
– Јас ќе напуштам…
Бубе
21/06/2016
Виц на денот, Разно
24,019
Седи еден Влав и плаче. Некој човек го прашува:
– Зошто плачеш?
– Си купив две грепки на лотарија и освоив автомобил.
– Тогаш зошто плачеш?
– Зошто купив две грепки, зоштооооооо?!?!
Љепи
21/06/2016
Виц на денот, Личности
16,347
Трпе од балкон им се дере на децата доле што играат пред зграда:
– Ако не престанете да викате ќе ви ебам мамето на сите по ред.
Од друг балкон се јавува женски глас:
– Тој плавиот со витканата коса е мој. Тој најмногу вика…
ккио
19/06/2016
Виц на денот, Сличности/Разлики
7,769
Разлика помеѓу прво, второ и трето дете:
Прво дете – го пазиш и внимателно го следиш секој негов чекор.
Второ дете – ретко го гледаш, гледаш само да не јаде од чинијата на мачката.
Трето дете – ако детето јадело од чинијата на мачката, тогаш тоа си е проблем на мачката.
Енена
18/06/2016
Виц на денот, Разно
9,304
Оди влав на бербер.
– Мајсторе колку чини шишање?
– 200 денари.
– А бричење?
– 100 денари.
– Ај тогаш избричи ми ја главата.
Ристе23
17/06/2016
Виц на денот, Разно
7,766
Прилепчанец-полицаец застанува скопјани и им вели:
– Имате пијано?
А тие му одговараат:
– Не, немаме пијано, само една стара гитара у гепек.
Тики
16/06/2016
Виц на денот, Разно
7,737
– Брат кое е најстаро животно?
– Зебра
– Како заклучи?
– Па сите животни се у боја, само она е црно-бела.
Енена
15/06/2016
Виц на денот, Разно
9,313
Прашуваат Влав:
– Што си така потечен во образот?
– Остај бе, ме истепаа.
– Не лажи бе, бомбона имаш.
т
09/06/2016
Виц на денот, Личности
14,298
Цветко оди до трафика и вика:
– Дајте ми еден XXL!
– Кондом?
– Чул те Господ, дај ми чипс бре!
Ване
08/06/2016
Виц на денот, Разно
1,750
– Конечно и јас да видам сонце, вода, ситен песок…
– Море, мешај го малтерот и не зборувај многу!
Енена
05/06/2016
Виц на денот, Разно
16,681
– Ало! Пожарна?
– Да, госпоѓо, повелете.
– Јас скоро посадив цвеќе…
– Госпоѓо, баравте пожарна?!
– Да, барав. Tоа е мнoгу скапо, егзотично цвеќе…
– Госпоѓо, баравте и добивте противпожарна служба, a не цвеќара! Кажете како можеме да ви помогнеме или спуштете ја слушалката и ослободете ја линијата!!!
– Добро де, што ме напаѓате веднаш! На комшијата му гори куќата, па кога ќе го гасите пожарот, пазете на цвеќето.
Тт
02/06/2016
Виц на денот, Личности
7,765
– А не, не, не, нема теорија со овој минич да одиш во град!
– Ама тато зошто?!
– Зошто ти се гледаат јајцата, Трпе!!!