Дома / Вицови / Виц на денот (страна 34)

Виц на денот

Рај и пекол

Умира Трпе и застанал пред портите на рајот. Доаѓа Господ и му отвара.
– Господе, јас сум Трпе и живеев праведен живот. Мслам дека сум за тука.
– Да Трпе, за тука си. Сигурно си гладен, ќе јадеш ли со мене?
– Зошто да не.
Отворил господ рибина конзерва, седнале и почнале да јадат. Додека јаделе, гледа Трпе долу во пеколот како јадат печено месо, пијат вино, трешти музика..
На другиот ден пак конзрва а во пеколот печено прасе. Трпе го прашал Господ:
– Господи, се извинувам ама нешто не ми е јасно, ние тука во рајот јадиме конзерви а оние во пеколот се гостат со се и сешто!
– Трпе, како да ти кажам, не се исплатува да готвам само за двајца.

Почитување

Цветко го прашува Трпе:
– Те почитуваат ли децата?
– Како Бог!
– Вистина?
– Да, да. Речиси не ме ни слушаат, молбите не ми ги исполнуваат. Се однесуваат како воопшто да не постојам, но штом ќе им притреба нешто – почнуваат да се молат…

Избори

МАКЕДОНИЈА последни избори:
На избирачко место доаѓа средновечен човек да гласа. Како што е редот дава документ за идентификација зема ливче, гласа, го става во кутија.
Прашува кој е претседател на Комисија на тоа избирачко место. Се јавува еден господин:
– Јас сум претседател !
– Ќе може ли да ми дадете еден стол да седнам до врата.
– Може, вика претседателот и му даваат стол.
Човекот седнува на стол и така поминуваат триесетина минути, членовите на комисијата се погледнуваат во очи и се чудат. Гледајќи ја ситуацијата, претседателот го прашува:
– Како сте, сеуште ли ви е лошо?
– Подобро никогаш и не ми било, многу се радувам за оваа средба.
– За каква средба, не ве разбирам?!
– Па чекам да дојде таткоми да гласа.
– Требало заедно да дојдете , стар човек е сигурно а и тука не е место да се чекате.
– Точно господине во право сте, стар човек беше, ама одамна е починат.
– Мислам се шегувате, како може починал а да гласа?
– Па како можеше на претходните избори да гласа, а јас да не го видам? Денес сигурно ќе гласа во 19 часот.

Врска

Две плавуши прават муабет:
– Како ти е врската со дечкото?
– Не ми е повеќе дечко!
– Така и му треба, еден е клошар во градот.
– Сопруг ми е…
– Епа со среќа, баш си одговарате.

Муабет

Полицаец и прави муабет на плавуша:
– Како се викаш?
– Моника без “в”.
– Па во Моника нема “в”…
– Епа тоа ти викам бе глуп еден!

Преобразба

Трпана гледа низ прозор и одеднаш како попарена трча во кујна и му вика на Трпе:
– Прекини да ги миеш садовите, соблечи ја престрилката, земи весник и легни на каучот.
– Душо што ти стана?
– Ништо, мајка ти иде…

Ракија

Цветко му се јавува на Трпе и му вика:
– Абе со две женски сум на Водно доаѓај одма, те чекам кај втората платформа.
– Добро, добро доаѓам одма, чекај ме.
И се среќаваат горе и Трпе го гледа Цветко се вртка сам наоколу.
– И кај се сега?
– Ене ги во колата.
– А убави ли се?
– Па напиј се малце ракија и убави се тогаш.
Иде Трпе да ги види и гледа и се враќа кај Цветко:
– Ти будала да не си бе? Па кај можам јас толку ракија да испијам.

Право

– Колега, ти нов ли си?
– Да, денес ми е прв ден.
– Што имаш завршено?
– ПРАВО!
– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

Среќен

Трпана му зборува на едногодишниот син:
– Да знаеш ти колку си среќен, си се наспа, стана, се најаде, си поигра, сега ќе се искакаш и пак ќе си легнеш…
Од WC-то се јавува Трпе:
– Епа што сакаш мори, недела е….

Топло

– Госпоѓо зошто сте ги ставиле така рацете меѓу нозете?
– Па ми студат рацете, а тука е топло…
– Епа право да ви кажам ми замрзнаа ушиве, дајте малку главата да ја ставам таму.