Damir
07/03/2015
Виц на денот, Плавуши
3,878
Си биле две плавуши и едната на друга и вика:
– Овој месец изгубив 15 кила.
А другата плавуша и вика:
– Ајде да ги побараме.
АИППБТ
05/03/2015
Виц на денот, Разно
3,177
16 годишната Ана купила бикини. За да се пофали и ги покажува на мајка и, а таа и вели:
– Ако на твои години јас облечев такво нешто, сега ти ќерко ќе беше 10 години постара.
АИППБТ
04/03/2015
Виц на денот, Разно
22,568
Момчето оди кај таткото на девојката за да ја побара за жена.
– Господине, сакам да се оженам со вашата ќерка.
– Нема шанси млад господине. Па ти немаш ни скршена пара.
– Вистина, пари немам, но многу сум паметен.
– И дека си паметен не ти верувам.
– Зошто?
– Затоа што сакаш да се ожениш со ќерка ми.
Tomce
03/03/2015
Виц на денот, Полицајски
13,654
Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот:
– Има ли некој во зградата?
– Има.
– Кој?
– Јас.
– Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе!
– Да.
– Кој?
– Вие.
АИППБТ
01/03/2015
Виц на денот, Еротски
33,959
Трпе:
– Гледај жено, ми стана.
Трпана:
– Е па ајде што чекаш, почни да ме сексаш.
Трпе:
– Ама ќути не викај толку, ќе те познае по гласот.
janko
28/02/2015
Виц на денот, Разно
1,180
– Внучко колку години имаш?
– 5!
– Јас на твој години имав 6!
simenkonic
27/02/2015
Виц на денот, Си биле...
16,701
Си биле тројца пријатели си седат во кафаната, си пијат ракија и се расправаат.
Првиот вели:
– Јас сум таков инает што жената кога ќе ме налути по еден месец не и зборувам.
Вториот вели:
– А јас сум толку инает што кога ќе ме налути по три месеци не и зборувам.
Третиот:
– Јас сум таков инает што жената ме налути уште на првата брачна ноќ и уште не сум ја е… до сега, веќе 15 години!
Другите двајца:
– Доста бе, 2 деца имаш!
– За инает не ја прашувам од кого се.
Аљоша Иваноски
26/02/2015
Виц на денот, Лудница
27,974
Двајца психијатри прават муабет. Едниот му вели на другиот:
– Колега, имам еден интересен пациент. Секој ден во 15:00 ч. иди кај мене на работа и ми вели дека е такси.
– Навистина интересно. И, како го лекуваш?
– Практично. Го терам да ме качи на грб и да ме однесе дома.
BananaMen
25/02/2015
Виц на денот, Разно
19,241
Умрел дегустаторот на позната фирма, производител на вино, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор. За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи. Му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мушкат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Каберне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!
Христијан
24/02/2015
Виц на денот, Разно
1,215
– Добар ден, апчиња против инаeт?
– Немаме.
– Епа не излегувам додека не ми најдете!
Rayon_Zdr
18/02/2015
Виц на денот, Разно
2,286
Во продавница за теписи:
– Имате ли нешто за у детска, поиздржливо така?
– Колку деца имате?
– Пет!
– Море поарно е да си асфалтирате…
Енена
15/02/2015
Виц на денот, Личности
7,027
Трпана му вика на Трпе:
– Душо сакам да ми купиш ајфон.
– А тој другиот шо го имаш?
– Тој ќе ми купи лаптоп.
АИППБТ
14/02/2015
Виц на денот, Разно
5,028
Момчето оди кај таткото на својата девојка за да ја побара за жена.
Таткото:
– Не не, нема шанси, не дозволувам мојата ќерка животот да го помини покрај некоја будала.
Момчето:
– Господине се согласувам со вас, па баш затоа и сакам да се омажи за мене.
Riko
13/02/2015
Виц на денот, Разно
3,843
Збоpиф две кумановке и едната вика:
– А мори, што не га исечеш овуј стару кајсију?
– Ааа не, ќе га чувам за успомен, свекрва ми обесија се на њума!
– Епа штом е такој, да ми дадеш калем!