Дома / Вицови / Виц на денот (страна 4)

Виц на денот

Лото

– Ало, жено… Сум го заборавил Лото ливчето дома. Ај да ги провериме бројките вака преку телефон. Слушај сега добро! 1 има ли?
– Уф… има!
– 7 има ли?
– Има!
– А 9 има ли?
– Има!
– Добро е, добро е! 13 има ли?
– Има!
– Не зафркавај! 21?
– Има!
– Леле! Леле!!! А 32 има ли?
– Има! Ама пречкртан е!

Фирма

Јас се викам Борче и со жена ми Верица сме сопственици на фирма за производство на мебел.
– А како ви се вика фирмата?
– Борче иВерица…

Зоолошка

Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.

Вакцина

– Здраво! Маса слободна?
– Сертификат за вакцина?
– Не го зедов.
– Стави 5 денари на рамо.
Паѓа паричката…
– Тргни се од врата, не прај гужви.

Скеле

Влегува градежен работник во автосалон:
– Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?
– 250.000 евра.
– А на кредит на една година?
– 25.000 евра месечно.
– Уууу, а на две години?
– 12.500 евра месечно.
– Хммм, а на три години.
– Погледнете и други коли. Има поефтини.
– Може, ама скелето падна врз баш врз таа.

Пензија

Женската го носи својот дечко дома на ручек за прв пат.
И дечкото му се обраќа на таткото на девојката:
– Јас сум во врска со вашата ќерка веќе 5 години.
– Е добро, и што сега, да не сакаш да ти дадам пензија?!

Развод

Трпана и се жали на Цвета:
– Готово е, не можам да издржам веќе, решив ќе се разведам од Трпе.
– Дали сакаш да ти најдам добар адвокат?
– Е сега е касно, веќе си најдов еден поштар од Ѓорче.

Гравитација

Дошол Ајнштајн во Битола за да држи предавање на студенти за гравитација. На крајот од предавањето прашал:
– Дали има некој прашања?
Трпе од третиот ред кренал рака.
– Ајде ти од третиот ред, како се викаш?
– Трпе.
– Повели Трпе.
– Не мојш бе чоек само така да глеаш на работите…