Во некој град се случил катастрофален земјотрес. Веднаш дошле спасувачки екипи, и спасителите барале преживеани под урнатините. По некое време барање, спасителите под урнатините на една зграда нашле еден човек седнат на ве-це шолја кој непрекинато се смее.
– Зошто се смееш? Како можеш да се смееш на ваква катастрофа?
– Како да не се смеам? Го тргнав синџирчето од казанчето за да пуштам вода и се сруши зградата.
Влавот и попот
Еден влав кој подолго време имал грижа на совест, отишол кај попот да се исповеда.
– Кажи чедо Божјо, зошто дојде?
– Оче, за време на војната во подрумот криев Евреи.
– Па тоа е добро дело – рекол попот.
– Да оче, но јас им наплатував.
– Па добро, трошоците за издржување се големи. Оправдано е.
– Да, но јас се уште не сум им кажал дека војната е завршена одамна.
Букет цвеќиња
Спонзоруша
Одмазда
Трпе и Цветко разговараат. Трпе му вели на Цветко:
– Се сеќаваш ли пред 3-4 месеци кога замолив еден таксист да ме однесе до дома, имав само 50 денари в џеб, а тој пред цело друштво ми рече: „Ако си таков вошкар да немаш 100 денари за такси, оди до дома пеш“.
– Да, се сеќавам, баш беше безобразен.
– Е да знаеш, вчера му се одмаздив.
– Навистина? Како?
– Го гледам паркиран чека муштерии. Пред него паркирани уште 5-6 други такси возила. Влегувам во првото и му велам на таксистот: „Мајсторе, може ли за 50 евра да ме однесеш до дома да ме однесеш до дома, ама во цената е вклучена и партија секс“. Таксистот ми вели:„Мрш надвор педеру еден“. Јас излегов, и влегов во второто такси. И таму го поставив истото прашање, и нормално, и од таму ме избрка таксистот. И така направив во сите коли. За малку се спасив од ќотек. Ама одмаздата е слатка. И така дојдов до мојата жртва, и му викам: „Мајсторе, колку ќе ме чини да ме однесеш до дома, таа и таа адреса?“. Тој ми вели „100 денари“. Јас решително му велам „Вози мајсторе“- и тргнавме.
И така додека ги поминуваше паркираните такси возила пред нас, на секој од таксистите каде што влегов им испратив широка насмевка и им покажав среден прст.
Апчиња за невидливост
Македонија на Светско
Македонската фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на Светско првенство. Задоволни фудбалерите, пошле кај некоја гатачка за да им го претскаже исходот од Светското првенство. Гатачката им предвидела 4 први места. Фудбалерите зачудени прашале:
– Како е можно тоа, 4 први места?
Гатачката:
– Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.
Министерот и докторот
– Министре, ми умре пациентот!
– Како бе?
– Не знам, се правев според упaтствата!
– Влезе ли во главното мени?
– Влегов!
– Кликна ли на операција за слепо црево?
– Кликнав!
– Чекај, а удри ли пред тоа десен клик?
– Не!
– Е јебига, не си уклучил анестезија! Пази друг пат…
– Сега што да направам?
– Клик ескејп, па цтрл алт делит, ќе ти се јави дежурниот сајбер поп, бар поштено да го отпеат покојниoт…
Целер
Боксер
Пациент му се жали на докторот:
– Докторе, не можам да спијам.
– Како бре не можеш да спиеш ?
– Така докторе, имам некоја несоница, навечер никако не можам да заспијам.
– Пробај со броење, на пример број од 1 до 10 и назад.
– Ни тоа не помага докторе, пробувам да бројам до 10, и на 8 станувам. Јас сум боксер.