Дома / Вицови / Виц на денот (страна 42)

Виц на денот

Операција

Доаѓа човек кај Св. Петар и се смее. Св. Петар го прашал:
– Што се смееш, зарем не знаеш каде си?
– Знам каде сум, ама како да не се смеам, кога оние долу уште ме оперираат.

Лозинка

Седат четири другарки во кафич и едната го прашува келнерот:
– Извини, како е пасвордот за Wi-Fi ?
Келнерот:
– давеебекелнерот.
– Одвоено или ?
– Не! Сите заедно.

Гледање во очи

– Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи?
– Уф, еднаш ја погледнав.
– И…?
– Жива катастрофа!
– Е зошто?
– Баш тогаш влегуваше во спалната.

Таблети

Трпе и Трпана добиваат седмо дете. Трпана се жали:
– Ние мора да сме проколнати…
– Не е тоа работата… тие таблетите изгледа дека треба да ги пиеш ти, а не јас!

Јадење

– Келнер, ве молам сменете ми го јадењето!
– Зошто, што му фали?
– Пред 10 минути го сликав и го ставив на фејсбук и уште немам ниеден лајк.

Бакнување

Трпе на паркинг го бакнува автомобилот по вратите и го гали со солзи во очите. Цветко случајно минува го прашува:
– Го продаваш?
– Не. Жена ми доби возачка дозвола.