Дома / Вицови / Виц на денот (страна 43)

Виц на денот

Пеење

Поминува Трпе и го гледа комшијата на балкон.
– Комшија зошто секогаш си на балкон кога жена ти пее по дома?
– За да не помислат дека ја тепам!

Апчиња

Влегува Цветко во аптека и прашува:
– Колку се апчињата за „следниот ден“?
– 3000 денари!
– Ама само едно ми треба, не цела кутија.
– Да, де, 3000 денари е апче.
– Ништо тогаш, дај ми пелени.

Магаре

Наставничката прашува:
– Ајде деца, кажете кое животно ви е омилено и зошто?
Боки:
– Лавот! Затоа што е крал на животните.
– Браво, седи пет.
Ана:
– Жирафата! Затоа што има долг врат.
– Браво, пет.
Трпе:
– Магарето! Затоа што има голем стап!
– Аууу, срамота. Седи, еден!
– Еден наставничке, ама вреден.

Татко

Трпе доцни на работа и во ходник налетува на шефот.
– Кај си ти до сега?! Која е причината што доцниш 2 часа?!
Трпе размислува, си ја поднаместува вратоврската и одговара:
– Да, ќе станам татко.
– Оооо, па честитки. А кога?
– За 9 месеци…

Бричење

– А да те научам да се бричиш?
– Не бе тато.
– Види, доаѓа момент во пубертетот кога грдо изгледа бркот и..
– Реков не!
-Добро ќерко, добро…

Одбележување

Трпана му вика на Трпе:
– Да те потсетам, денес ни е 10 годишнина од брак, како мислиш да ја одбележиме?
Трпе молчи.
– Не молчи бе! Кажи нешто!
– Ја веќе ја одбележав.. со минута молк.

Папата шофер

Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
– Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
– Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
– Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
– Ама не оди така шефе фаца е човекот!
– Да не е градоначалникот?
– Не повисоко е!
– Да не е министерот?
– Не не уште повисоко!
– Да не е премиерот?
– НЕ шефе не е!
– Па веројатно не е претседателот…
– Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
– Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
– Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!

Играње

Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
– Ти се игра ли?
– ДА!
– Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!