Аљоша Иваноски
17/05/2013
Виц на денот, Разно
7,494
Гинекологот прегледува жена и и вели:
– Госпоѓо, за вас имам една убава вест.
– Не сум госпоѓа, јас сум госпоѓица.
– Е тогаш имам една лоша вест.
Аљоша Иваноски
13/05/2013
Виц на денот, Разно
8,884
Седел некој пират во крчма и пиел рум. Крчмарот го прашал:
– Извини, како ја доби дрвената нога?
– Еден ден пливав покрај бродот, наиде ајкула и ми ја одгриза ногата.
– А како дојде до куката на раката?
– Раката ми беше отсечена кога нападнавме друг брод.
– A како го добивте превезот преку окото?
– Гледав еден галеб како лета, и тој ми се посра во окото.
– Па зарем од тоа може да се загуби окото?
– Не, но тоа ми беш прв ден со куката на раката.
Saso
12/05/2013
Виц на денот, Разно
1,095
– Тато, поубава сум со шишки или без шишки?
– Ќерко, за да си поубава, прво треба да си убава.
Вангел
10/05/2013
Виц на денот, Образованиe
7,621
Трпана го прашува малиот Трпе:
– Сине, како помина на тестот по математика?
– Добро.
– Што ќе добиеш?
– Најверојатно неоправдан.
T
08/05/2013
Виц на денот, Еротски
12,996
Секретарката уплашено го прашува шефот:
– Што, да не ми давате отказ?
– Не, зошто така мислиш?
– Па тогаш зошто сте го извадиле троседот од канцеларијата?
Холовиц
07/05/2013
Виц на денот, Разно
6,166
Влегува шефот во работилница и го прашува вработениот.
– Колку столови направи денес?
– Два.
– Само два!? Јас до сега ќе направев десет.
– Па нормално шефе, вие сте столар, а јас дипломиран економист.
Dimitar
04/05/2013
Виц на денот, Разно
9,246
Му вели свекрвата на домазетот:
– Зете расипано е казанчето, поправи го.
– Што ми е гајле, не е мое.
Наредниот ден:
– Зете расипана е кадата, среди ја.
– Што ми е гајле, не е моја.
Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели:
– Зете, поправи го казанчето не чини.
– Што ти е гајле, не е твое.
Васко
26/04/2013
Виц на денот, Разно
14,397
Влегува покераш во градски автобус, му приоѓа кондуктерот:
-Карта ?
-Понатаму..
-Карта ?
-Понатаму..
-50 денари !
-На твоите 50, уште 100 мои !
Настанува пауза, си разменуваат погледи… и покерашот сфаќа дека нешто не е во ред, па го прашува:
-Ти што си ?
-Кондуктер !
-Слабо, кента флеш!
Eden coek
24/04/2013
Виц на денот, Личности
8,902
Трпе и Цветко работеле во Америка како перачи на прозори на облакодери. Стигнале до стотиот спрат, а Трпе вели:
– Абе Цветко, го утнавме 99-ти. Не ги исчистивме таму.
– И?! Што ќе правиме сега?!
На Трпе му дошла идеја:
– Па ајде бидејќи ти имаш трегери на панталоните, јас ќе те држам за нив, а ти ќе се клацкаш доле и нема да мора ни да мрдаш со рацете.
Се согласил Цветко и после некое време додека висел почнал да се смее. Трпе го прашал:
– Што се смееш ко зелен во ваква опасна ситуација ба?
– Абе ми текна како ќе те залепат по нос трегериве ако ми се откачат!
Аљоша Иваноски
23/04/2013
Виц на денот, Образованиe
7,636
Малиот Трпе ја прашува мајка си:
– Мамо, добиваат ли нашите учителки плата??
– Секако, зошто прашуваш ??
– Па, сите задачи ние ги решаваме.
НЕЗНАМ КОЈ СУМ!
21/04/2013
Виц на денот, Разно
1,214
Има четири степени на лудило:
1. Зборуваш сам со себе.
2. Се караш со себе.
3. Губиш во караницата сам со себе.
4. Не си правиш муабет повеќе.
Ивана
21/04/2013
Виц на денот, Политички
842
Седнал Тодоровиќ на рингишпил и дошол Жерновски и му вика:
– Брат ај бе стани, трет круг ти е више!
Rijan
16/04/2013
Виц на денот, Изреки
660
И волкот сит и овците на број… Бог да го прости овчарот.
Vasko
15/04/2013
Виц на денот, Разно
2,088
Пијаница влегува во автобус, ги става нозете на седиштето, му доаѓа кондуктерот и му вика:
– Дома така ли ги ставаш нозете на столот?
– Не, а ти дома кинеш ли карти?