Колумбо гу е открија Америку само затој што е бија НЕОЖЕНЕТ!
Да е имаја жену било би овакој:
– А зашто мораш да идеш бш ти?
– А зашто не пратив некога другога?
– Што без тебе нели може?
– Ти луд си или глуп?
– Нели видиш дека те искористуев?
– Што криеш?
– А што, само мушки ли ќе идете… Ја брее?
– Ма немој?
– Све си ти испланираја знам ја… Ти одамна си се договорија сс тија курве Индијанке!
– А зашто не можу и ја да иду ако си ти шеф? Мене никад не ме водиш нигде!
– Каква бе округла Земља? Бреее све би измислија само да не си дома!
– Ако отидеш ја одма се враќам куде маму!
– Не можеш да идеш и готово!
– Ништо нема да се деси ако свет остане и даље раман како плоча.
– Чуеш ли бе, немој да ми се облачаш затој што НЕ ИДЕШ НИГДЕ!
Мислам на тебе
Глупо прашање
Збор
Броење
Изложба
Истрага
Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
– Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
– Аааа… четири.
– Во ред. Квадратен корен од 100?
– 10?
– Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
– Не знам…
– Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
– Те вработија ли?
– Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.
Најстарата работа
Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели:
– Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар.
На тоа архитектот вели:
– Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?
Го прекинува политичарот:
– Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?
Ластовички
Вработен
Можење
Мјау мјау
Пушка
На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
– Сакам пушка!
– Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
– Ама, стварно сакам пушка.
– Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
– Ама, јас сепак сакам пушка!
– Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
– Ти Трпано, али кога би имал пушка…