Македонец учествувал на коњски трки кои се одржувале во чест на кралицата на Англија. Освоил второ место. Ги објавуваат наградите:
– 5-то место – 50.000 фунти.
Македонецот се израдувал:
– Леле, што на 5-от му даваат толку пари, јас кој знае колку ќе земам.
– 4-то место – 100.000 фунти.
– 3-то место – 250.000 фунти.
Нашиот со нетрпение очекува да ја објават наградата.
– 2- то место – бакнување на раката на Кралицата!
Македонецот нервозно извикал:
– Леле ако ја фатам таа кралица!
Од трибината се слушнал глас:
– О, жалам господине. Тоа е за прво место.
Нема никој
Си доаѓа полицаецот дома и ја гледа својата жена како лежи гола во креветот.
– Жено кажи каде е! Ќе го убијам!
– Никој нема мажу, што ти е?
– Мори жено кажувај каде е, ќе ве убијам двајцата.
– Никој нема!
Оди во едната соба никој, оди во другата нема никој, отвара во шкафот и таму нема никој. Погледнува под креветот, а од таму човекот му подава 20 евра. Полицаецот ги зема парите и вели:
– И под креветот нема никој!
Ладно
Соништа
Студенти
Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:
– Каде студираш?
– Економски факултет.
– Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.
Го прашува вториот:
– Tи што студираш?
– Медицина.
– Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.
Го прашува и третиот:
– Ти што студираш?
– Електро.
– Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.
Влошки
Се шета лисицата низ шумата и го гледа зајакот цел во крв и му вели:
– Што ти е бе зајко?
– Остај ме лисо, мечката ме искористи како влошка.
Следниот ден повторно лисицата шета низ шума и овој пат го гледа бувот цел во крв и му вели:
– Што ти е бе бубо?
– Остај ме лисо, некој на мечката и рекол дека оние со крилца се подобри од обичните.
Пиење
Вдовица
Трпе и Цветко тргнале на скијање. Се возеле неколку часа и ги зафатило големо невреме. Се засолнале на некоја фарма и ја замолиле згодната госпоѓа
која им отворила врата, кај неа да преноќат.
– Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома – рекла вдовицата.
– Немојте да се грижите, рекол Трпе, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!
Жената се согласила и тие преспале во шталата.
Утрото времето се поправило и Трпе и Цветко си го продолжиле патот.
Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.
Околу девет месеци подоцна, Трпе ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.
Отишол тој кај Цвеко па го запрашал:
– Слушај, се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?
– Да, се сеќавам. одговорил Цветко.
– Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?
– Па…да. – рекол Цветко, вцрвувајќи се бидејќи бил откриен. Морам да признам дека отидов кај госпоѓата.
– И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?
Цветко пребледел.
– Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?
– Неодамна починала и се ми оставила мене. – рекол Трпе.
Турци
Фалење
Се фалеле Французин, Англичанец и Цпногорец со своите жени.Англичанецот вели:
– Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги.
А Французинот:
– Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене пацете ми се големи, туку половината и е тесна.
Црногорецот:
-А мојата жена… Кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем,туку толку ми трае работното време!