dima
16/04/2012
Виц на денот, Личности
2,339
Моќна самовила го прашува Цветко:
– Одбери каква сила сакаш да ти дадам, невидливост, разговарање со животни, телепортација, летање, читање на мисли, што сакаш!?
– Разбирање со жени.
Стојко
15/04/2012
Виц на денот, Прашање - Одговор
414
Кој е единствено богат во Северна Кореја?
– Ураниумот.
Баже Алексовски
14/04/2012
Виц на денот, Прашање - Одговор
781
– Како се вика гинеколог на турски?
– Дунда Сервис.
Радован
13/04/2012
Виц на денот, Црн хумор
2,006
– Тато, тато, што е абортус?
– Оди прашај ја сестра ти.
– Ама тато, јас немам сестра!
– Еее!
renata
12/04/2012
Виц на денот, Плавуши
5,307
Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
– И, како? Положи ли?
– Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.
ТТ
10/04/2012
Виц на денот, Личности
9,705
Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала:
– Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?
– Не е една, него три причини.
– Добро, слушам.
– Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас.
– Кој вика тоа?
– Па, вашиот маж, Трпе.
– Добро, друга причина.
– Подобро готвам од вас!
– Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова?
– Токму така.
– Добро, а која е третата причина?
– Трета причина е што сум подобра љубовница од вас!
Трпана зацрвенета и вика:
– Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?!
– Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар.
На ова Трпана враќа:
– Колку сакаш да ти се покачи платата?
TT
09/04/2012
Виц на денот, Образованиe
3,364
Разговор на апсолвенти на државен факултет:
– Колега, уште колку испити имаш до крај?
Разговор на апсолвенти на приватен факултет:
– Колега, уште колку рати имаш до крај?
Мартин
08/04/2012
Виц на денот, Личности
6,645
Цветко го прашува Трпе:
– Зошто ти е модро окото?
– Трпана ме удри…
– Зошто?
– И се обратив со ТИ!
– И за тоа ли тепаат?
– Тепаат, тепаат… Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.
Иван Поп-Зафиров
06/04/2012
Виц на денот, Разно
6,441
Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата:
– Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш.
Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла:
– Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.
TT
05/04/2012
Виц на денот, Личности
3,047
Трпе го сретнува Цветко:
– Еј, па кај си бе ти, што правиш?
– Еве, бев до лотарија да си купам грепка, и нема да веруваш, го изгребав автомобилот!
– Стварно?
– Да бе, го закачив контејнерот пред зграда.
Dragan
03/04/2012
Виц на денот, Плавуши
8,816
Плавуша излегува со новиот дечко. Седат во еден парк, дечкото вади кутија цигари, ги подава кон неа и прашува:
– Цигара?
Плавушата:
– Знам дека е цигара…
Bok1
02/04/2012
Виц на денот, Политички
2,376
Цветко земал чипс и седнал на кревотот и пуштил телевизија, и го гледал Груевски. Го изгасил телевизорот, пуштил радио. И таму Груевски. Го исклучил радиото отвора весник, и таму Груевски. Го фрла весникот и вика:
– Леле, страв ми е да го отворам чипсот!
Mucho
01/04/2012
Виц на денот, Разно
5,431
Девојката му вика на дечкото:
– Што ако сум се лапала со друг, тоа значи дека те варам?
А дечкото и одговара:
– Што ако ти удрам бокс со лева рака, а јас сум деснак, тоа значи дека сум те тепал?
Draganche
30/03/2012
Виц на денот, Разно
1,241
Оди крадец во аптека и и вика на аптекарката:
-Дај ми ги сите пари!
Аптекарката му одговара:
-Без рецепта ништо не ти давам