Дома / Вицови / Виц на денот (страна 57)

Виц на денот

Те сакам

Трпе и Трпана седат на тераса. Секој си го пие својот пијалок, Трпе пиво, Трпана сокче.
Трпе:
– Те сакам!
Трпана одговара иронично:
– Тоа го велиш искрено, или од тебе зборува пивото?
Трпе:
– Ова му го велам на… пивото!

Дупки

Разговараат шарпланинец и питбул.
Питбулот:
– Ја гледаш оваа дупка во мојата кожа?
Шарпланинецот:
– Ја гледам.
Питбулот:
– Е таа ми е од еден доберман. А оваа ја гледаш ли? Таа ми е од еден булдог. А оваа ми е од една дога.
Шарпланинецот почнал да бара меѓу влакната. Барал, барал, нашол нешто и му го покажал на питбулот:
– А, ти ја гледаш ли оваа дупка?
– Ја гледам.
– Е тоа ми е задникот.

Замок

Некоја жена разгледува еден замок и сака да го купи, па го прашува газдата:
– Многу е убаво, но ме плаши да не има духови во замоков!
– Немој да се плашите за тоа, госпоѓо. Еве, јас живеам тука веќе 500 години и не сум сретнал ниту еден дух.

Среќа

Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко:
– Од што умре?
– Од студ. Ти?
– Јас од среќа.
– Како бе од среќа?
– Па така, вчера се вратив дома, ја гледам Трпана гола во кревет. Проверувам под кревет, во плакарот, на тераса, нема никој. И така од среќа си умрев.
– Абе глуп еден, да провереше во фрижидерот, сега и двајцата ќе бевме живи.

Зимување

Еден брачен пар одлучил да оди на зимување во северните делови. Поради работни обврски, мажот тргнал еден ден порано од неговата жена. Кога стигнал во хотелот го извадил лаптопот и почнал да и пише маил на својата жена. Но, во емаил адресата пропуштил една буква па емаилот стигнал до некоја вдовица која баш тој ден го закопала својот маж.
Вдовицата вечерта седнала да си ја провери својата емаил пошта, да прочита некое сочуство од своите пријатели и познаници… После некое време во собата влегол синот и што ќе види…. Мајка му лежи на подот.
Неговиот поглед паѓа во мониторот каде што пишува:

To: мојата осамена женичка
From: нејзиниот најмил маж
Најдрага моја, стигнав. Се е спремно овде за твоето утрешно доаѓање! Ти посакувам убав и среќен пат.
Со љубов, твојот најсакан маж!

П.С. Облечи се добро, овде горе е премногу ладно!!!

Цвеќе

Трпана го среќава Трпе утрото на 8ми март со букет преубаво цвеќе во рака, па целата насмеана го прашува:
– Драги, колку убаво цвеќе. За мене ли е?
Трпе и одговара:
– Ма не, тоа е за секретарката.
Трпана на тоа почнала да се лути и да вреска:
– Свињо една одвратна, неа цвеќе, а мене курац!!!
Трпе ладнокрвно на тоа и одговорил:
– Е добро бе, го сакаш ти цвеќето?

Договорање

Полицаец застанува плавуша и и вели:
– Возачката, ве молам.
– Немам господине.
– Тогаш ќе те казнам тебе.
И полицаецот и пишува казна, а плавушата му вика:
– Ама господине, не носам пари.
– Тогаш најпаметно е да се договориме некако.
– Е што ќе се договориме паметно, јас плавуша ти полицаец.

Љубовно писмо

Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
– Што пишуваш?
– Љубовно писмо.
– На кого?
– На сам себе.
– И што пишува во него?
– Немам поима, сеуште не сум го добил.

Заборавање

Мујо и Хасо остареле и си седеле пред куќата и Мујо му вика на Хасо:
– Си за сладолед? Јас ќе земам чоколаден, ти?
– Со ванила. И те молам, запиши, стари сме, забораваме.
– Какво заборавање, травиката е зад аголот.
По некое време Мујо доаѓа со два сендвичи со виршла. Хасо го гледа и го прашува:
– А сенф?
– Леле, заборавив.
– Ете, а ти реков, запиши си, се заборава.

Работа

Си бил малиот Трпе и наставничката го прашува пред целиот клас:
– Трпе, што работи твојот татко?
– Мојот татко работи во стриптиз клуб за чичковци, па понекогаш е и приморен да се проституира со истите, но сепак… тоа е тоа и мора да заработи некој денар…
Шокирана од оваа вест, наставничката му вели да остане после часот да поразговараат.
– Трпе, навистина ли татко ти го работи ова? – Зачудено прашува наставничката.
На тоа Трпе одговара:
– Не наставничке, само срам ми беше пред цел клас да кажам дека игра фудбал за репрезентација.

Лажење

Му се јавуваат на Трпе од основното училиште на телефон:
– Господине, син ви кажува многу лаги.
– Епа, кажете му дека е многу добар зошто јас немам деца.