Дома / Вицови / Виц на денот (страна 58)

Виц на денот

Исто

Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!

Виц на годината (2012)

Нова Година

Влага Трпе мртов пијан во кафана и се дере:
– Среќна Нова година!
Некој од страна му дофрлил:
– Каква Нова година во сред февруари бе?
– Февруари? Леле, Трпана ќе ме утепа, никогаш не сум се вратил толку касно дома.

Евра

Мујо се враќа од доктор и го сретнува Хасо:
– Што има ново?
– Ништо, бев на доктор.
– И што ти рече?
– 200 евра.
– Абе не прашувам тоа, него што имаш?
– 50 евра.
– Аман бе, те прашувам што ти фали!
– 150 евра.

Криза

Трпе и Трпана ги фатило финансиска криза и Трпе и вика на Трпана:
– Трпано, a да научиш да готвиш, па да ја отпуштиме готвачката, она многу пари зема.
– Подобро е ти да научиш да ебеш, па да го отпуштиме градинарот.

Тепање

Цветко се јавува во полиција:
– Ало, полиција?!
– Да, кажете.
– Две девојки се тепаат за мене!
– Епа што има тука лошо во тоа?
– Па ружната победува!

Пушка

Трпе видно нервозен влага во кафана со пушка и се дере:
– Кој имал секс со жена ми!?
А од страна некој му дофрлил:
– Ма немаш доволно куршуми.

Мирис

Трпе и Трпана се шетаат во центарот на градот и проаѓаат покрај еден ресторан.
– Ау Трпе, колку убаво мириса овде.
А Трпе џентлменски и враќа:
– Сакаш да пројдеме уште еднаш?

Метео

Русин гледа временска прогноза и кажуваат дека во Сибир е -55°C. Нормално не верува на веститите и вика:
– Е баш сега ќе се јавам на брат ми што живее таму.
Го зема телефонот и ѕвони:
– Ало брат, кажи ми колку степени е кај вас?
Братот проверува и му вика:
– Па околу -20°C е, зошто прашуваш?
– Ма ајде, на телевизија лажат, викаат -55°C дека е.
– А, па тоа може надвор, не знам…

Петка

Малиот Трпе и вика на Трпана:
– Мамо, мамо, имам добра и лоша вест!
– Ајде сине прво добрата.
– Добив 5 по физика.
– Конечно, ајде сега лошата.
– Лага е!

Јадење

Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика:
– Го сакам тоа што го јаде оној господин.
По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели:
– Жалам, не го дава.

Одговорност

Цветко оди на интервју за работа. Директорот на фирмата го седнува и му вика:
– Нас ни е потребен одговорен човек.
– Јас сум човекот што го барате. Во претходната работа, секогаш кога ќе тргнеше нешто лошо, викаа дека јас сум одговорен за тоа.