Дома / Вицови / Виц на денот (страна 61)

Виц на денот

Желби

Цветко седи во ресторан. Го вика келнерот и го прашува:
– Дали пејачката исполнува желби?
– Да, господине.
– Тогаш кажете и да замолчи!

Најсвежо

Некој господин редовно одел во истиот хотел со пет ѕвезди и секогаш го служел истиот келнер. Келнерот како и секогаш среден со крпа на раката го послужува:
– Повелете господине?
– Што имате најсвежо денес?
– Незнам господине келнер сум, не работам во кујната.
– Можe крпата малце?
Овој збунет, ама му ја дава. Господинот ја зема ја реди на нос вдишува силно и вика:
– Донеси ми стек.
И му ја враќа крпата. Овој уште по збунет трча во кујната и вика:
– Луѓе, што имаме најсвежо денес?
– Стек!
Другиот ден истата случка:
– Повелете!
– А денес што имате најсвежо?
Овој веќе изнервиран вика:
– Не знам, господине!
– Може малце крпата?
И овој му ја дава овој вдишува силно пак:
– Донеси ми плескавица!
Овој оди во кујна и пак прашува:
– Абе луѓе, плескавица имаме најсвежо?
-ДА.
И веќе преку глава му дошол и решил да го за*бе. Доаѓа господинов следниот ден и келнерот го послужува и овој:
– Може крпата малце?
– Може една минутка да почекате господине ќе се вратам одма.
Овој со трчање кај газдарицата и и вика:
– Пикни ја крпава во гаќите и триј ја силно!
– АААУУУ па ти си луд нема шанси!
– Ве молам ми треба!
И оваа видела невидела ја пикнала крпата ја истила и му ја вратила. Целот среќен оди и му вика на господинот:
– Крпата ја баравте?
И му ја подава. Господинов вдишува силно до последен здив и вика
– ОД КОГА РАБОТИ ТРПАНА КАЈ ВАС?

Дропки

Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
– Сине што учевте математика?
А детево и вика:
– Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
– Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
– Една половина!
– Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
– Една четвртина!
– Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
– Ќе останат само трошки.

Диета

Две плавуши се сретнуваат на улица:
– Леле, колку си ослабела! Нова диета?
– Да, моркови, компири, цвекло.
– Ги вариш или ги печеш?
– Ги копам!

Уживање

Ја прашуваат бабата:
– Бабо, кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените?
А бабата им одговара:
– Кога ве чеша увото и кога ќе го ставите прстот, кој ужива повеќе, прстот или увото?

Изненадување

Си биле Мујо и Хасо и се прашувале како е во рајот. Потоа се договориле кој прв што ќе отиде да му се јави на другиот во сон. И така Хасо прв умрел и му јавил во сон на Мујо после неколку месеци:
– Кај си бе Мујо што правиш?
– Еве ништо, како е таму убаво ли е?
– Абе Мујо тука има се, абе иначе заборавив да ти кажам нешто..
– Што?
– Ме примија во Фудбалската федерација и имам изненадување за тебе.
– Добро де кажи го!
– Во среда имаме натпревар и ти браниш!

Цар

Еден орел, седи на врв на една огромна карпа и пуши трава. Седи така и си вели сам на себе „кој цар сум јас еј…“
Повлекува уште еден дим и пак си повторува, „кој цар сум јас…“ Се пушта од карпата надолу и на еден метар пред земјата ги раширува крилата и полетува назад кон врвот на карпата. Застанува и пак си повторува, „кој цар сум јас…“
Доаѓа друг орел до него и го прашува:
– Бачко шо има?
– Еве, дувам малце, сакаш?
И така седнале еден покрај друг и само си повторувале „Кои цареви сме ние еј…“ По некое време се пуштаат кон земјата и на еден метар пред да удрат ги рашируваат крилјата и се качуваат горе.
Доаѓа мечката до нив и ги прашува:
– Момци, што праите?
– Еве малку пушиме, сакаш?
Така мечката седнува до нив и сите заедно се пуштаат кон земјата и на паѓање надоле орлите ја прашуваат мечката,
– Мецо, имаш крилја ти?
– Не.
– Кој цар си ти мецо, еј…