Дома / Вицови / Виц на денот (страна 66)

Виц на денот

Датум

Се сретнале Мујо и Хасо и Мујо го прашува Хасо:
– Абе, кој датум сме денес?
– Немам поима, види во весникот што го држиш.
– Џабе, вчерашен е.

Автобус

Влегува Цветко во петок во автобус од задна врата и седнува до некој пензионер и го прашува:
– Извинете што број на автобус е ова?
– Зарем е важно синко?!

Пустина

Некој човек се изгубил во пустина, дехидриран и изморен сретнал бедуин и го прашал:
– Каде можам да најдам вода?
А бедуинот му одговорил:
– Одиш во овој правец право и во петок вртиш лево.

Бебиња

Разговараат две бебиња во породилното одделение, едното машко, другото женско. Машкото му вели на другото:
– Јас сум машко.
– Како знаеш?
– Сега ќе ти покажам, само нека си отиде сестрата.
Во тој миг сестрата излегува од просторијата, а машкото бебе го трга кебенцето од себе, ги крева нозете во вис и вели:
– Имам плави чорапчиња, гледаш?!

Тетоважа

Влегува тип во салон за тетоважи и вика:
– Сакам на грбот да ми истетовираш пичка.
– Добро, нема проблем.
Поминуваат 10 минути:
– Еве, готово.
– Што бе готово, толку брзо?
– Е што, да не е тешко пет букви да истетовирам?

Утакмица

За време на фудбалска утакмица тренерот го тргнува на страна еден од помладите играчи и го прашува:
– Дали ти разбираш што е тимска игра?
– Да.
– Дали разбираш дека кога ќе излезеш на теренот, тимот е важен, а не ти како поединец?
– Да, тренеру.
– Дали разбираш дека кога ќе ти досудат фаул, не викаш и псуеш по судијата?
– Да, тренеру.
– Добро, ај сега оди на трибините и сето ова објасни и го на мајка ти.

Замена

Откако авионот полн со патници чекал 1 час пред да полета, еден од патниците прашува стјуардеса:
– Зошто каснеше полетувањето?
– На пилотот му се причини дека слуша нешто чудно кај моторот, па ни требаше време да му најдеме замена.

Брзо возење

Џандар запира кола заради брзо возење и му вели на возачот:
– Друже, те чекав тебе цел ден!!!
На што возачот му враќа:
– Да? Епа ево, стигнав најбрзо што можев.

Самоуки

Неколку работи што децата ги учат сами:
– Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
– Ако те удри сестра ти, не ја удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
– Не кивај додека те шишаат.
– Не го оставај кучето да ти ја чува храната.

Клуч за рајот

Синот го прашува татка си:
– Тато, што има меѓу нозете на мама?
– Рај, сине!
– А што има помеѓу твоите нозе, тато?
– Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
– Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…

Принцеза

Синот се шминка пред огледало, влага татко му, го гледа и му вика:
– Синко… Па ти педер си!
– Не бе тато, принцеза сум.

Младина

Мајката ја кара ќерката:
– Како не ти е срам, имаш 15 години и секоја вечер си со различен дечко! Што младина ќе бевте. Дури и 30тиот роденден ми го заборави!