Дома / Вицови / Виц на денот (страна 68)

Виц на денот

Пчела

Плавуша оди на доктор:
– Докторе помогнете ми, ме касна пчела!
– Ништо страшно, сега ќе намачкам…
– Но како ќе ја фатите. Пчелата сигурно отиде некаде далеку!
– Неее, ќе намачкам на местото каде ве касна.
– Аааа. Во паркот на една клупа.
Докторот налутено:
– Ќе го намачкам тој дел од телото каде ве касна и ќе ви помине!
– Така кажете докторе. Пчелата ме касна на лактот на раката. Уф колку ме боли!
– Која точно?
– Од каде да знам, за мене сите пчели се исти…

Криенка

Трпе имал жена – русокоса. Една вечер се вратил од работа покасно и влегува во спалната и што да види, на креветот лежи еден гол човек, а жена му нигде ја нема. Почнал да ја бара и ја нашол во шкафот гола и вика:
– Добро бре жено, сто пати ти кажав дека тој треба да се крие, не ти!!!

Панталони

Го прашале Цветко:
– Што значи тоа ако во едниот џеп имате 100 евра, а во другиот 200 евра?
– Тоа значи дека тоа не се моите панталони!

Цреши

Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!

Четворка

Малиот Трпе и се обраќа на Трпана:
– Мамо, се сеќаваш ли кога ми рече дека ако добијам 4 ќе ме пуштиш да си играм цел ден?
– Да, зошто?
– Денес можеш да ме пуштиш половина ден!

Неверство

Отишол Трпе дома и ја гледа жена му со друг во креветот, и им вели:
– А бре Трпано еднаш сама да беше во креветот.
А на тоа Трпана му вели:
– А ти еднаш да дојдеше покасно дома.

Студенти

Двајца студенти се напиле по една чашка повеќе и утрото кога се разбудиле едниот решил да се пошегува со другиот:
– 1-0 за мене…
– Зошто?
– Сношти бев толку пијан што те опнав по грешка…
На другиот му се згрозило, но што да прави – ништо не се сеќавал па замолчел.
После некое време дејството се повторува и утрото другиот студент вели:
– 1-1…
– Како бе 1-1?
– Сношти и јас те опнав.
– Ти луд ли си бе! Јас се шегував!
Другиов се замислил малку и рекол:
– 1-0 тогаш…

Кревет

Малиот Трпе влегува во собата на неговите:
– Мамо, мамо! Кој е со тебе во креветот?
– Никој, сине, никој! Татко ти!

Помош

Трпе во хотел се јавува на рецепција:
– Качете се веднаш, жена ми сака да скокне од прозорецот!
– Што да правам јас?
– Прозорецот не може да се отвори!

Силување

– Добро Трпано, ти упорно тврдиш дека Трпе те силувал, стоејќи покрај ѕид, а ти од него за глава си повисока. Како можело тоа да се случи?
– Па, господине судија, јас малку клекнав!

Здив

Се шета Цветко во парк и здогледува убава девојка. Однемува здив и трга накај неа да се запознае:
– Здраво Цветко ми е јас сум чест!

Дете

Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, какво дете сакаше повеќе, машко или женско?
– Сине, јас сакав само убаво да си поминам!