Дома / Вицови / Виц на денот (страна 7)

Виц на денот

Висина

Отишја Кумановац с’с девојку у дискотеку да играв, она висока 180, а он 160.
– Колко си висок?
– 180, ти?
– И ја, само не знам што ми е овај вечер.

Лек

Трпе ја носи Трпана на доктор.
Трпана му се жали на докторот дека немала секс со години.
Докторот има секс со Трпана пред Трпе и му вели:
– Е ова и треба на жената, 3 пати неделно.
Трпе замислено одговара:
– Докторе, во понеделник и среда можам да ја носам, ама во петок сум со другарите на фудбал…

Понуда

Трпана кон Трпе:
– Трпе, каква ти е оваа порака во телефонот?
– Каква порака?
– Прашува дали сакаш орален секс во петок?!
– А бе, па овие од Телеком, претеруваат со тоа понудите…

Казна

Разговараат двајца пријатели:
– Што има ново?
– Се оженив за полицајка.
– Ооо, честито! И како е?
– Ќути не прашувај… Уште на првата брачна ноќ ми залепи 2 казни.
– За што?
– Едната за зголемена брзина, а втората за влез на погрешно место!

Крштевање

Крштеваат маж од околу 40 години. По едно време попот вели:
– Одговори три пати. Се откажуваш ли од сатаната?
Мажот се врти кон попот:
– Дедо Попе, ти ме крштеваш или ме разведуваш?!

Чоколадо

Купува Влав чоколада за да ја израдува жена си дома:
– Еве ти срце една коцка да се заблажиш.
– Зашто само една?!
– Па останатот спакувај го и чувај го за децата.
– Кои деца, па ние немаме деца?!
– Што се секираш, ќе имаме некогаш.