Tiki
29/05/2011
Виц на денот, Чак Норис
1,521
Чак Норис сам себе се држел на крштевка.
Darko
27/05/2011
Виц на денот, Плавуши
917
Плавуша во пошта испраќа писмо. Службеникот и вели:
– Пакетот ви е претежок, треба да залепите уште една марка.
– Така ќе биде полесен?
Перо
26/05/2011
Виц на денот, Личности
680
Малиот Трпе и се жали на Трпана:
– Мамо, знаеш дека не сакам кашкавал со дупки!
– Сине, ако не сакаш кашкавал со дупки, не ги јади дупките, изеди го само кашкавалот.
Александар
25/05/2011
Виц на денот, Разно
4,610
Еден фоторепортер добил задача да го сними шумскиот пожар кој беснеел на блиската планина. Бидејќи сакал да направи добри фотки, тој тргнал кон аеродромот, таму видел мало авионче, се втурнал во него и му рекол на пилотот:
– Бргу, летај над пожарот.
Пилотот се зачудил, но послушал. Кога биле точно над местото каде што бил пожарот бил најразгорен, пилотот прашал:
– А нели е тука малку опасно?
– Опасност е моето второ име. Јас сум најдобриот и најавантуристичкиот фоторепортер на светот.
– Чекајте, чекајте… Сакате да кажете дека вие не сте новиот инструктор по летање?
Vicoteka.mk
24/05/2011
Виц на денот, Разно
1,011
На работната маса на еден менаџер се наоѓаат илјадници CV-ија. Тој зема половина и ги фрла во корпа за отпадоци велејќи си:
– Не ми требаат луѓе кои немаат среќа во животот!
Nadal
23/05/2011
Виц на денот, Плавуши
614
Зошто од сите жени, плавушите имаат најубави нозе?
– Па кој нема во глава, има во нозе.
Дарко
21/05/2011
Виц на денот, Разно
567
Крајот на светот е најавен во 18:00, повеќе околу тоа во вестите во 19:30.
natasa
20/05/2011
Виц на денот, Разно
1,262
Натпревар во бокс, едниот боксер нокаудиран и судијата одбројува дали ќе стане, а од публика се слуша еден глас од стара баба:
– Нема да стане, го знам јас од автобус.
Martina
19/05/2011
Виц на денот, Плавуши
4,796
Седи плавуша во автобус, и приоѓа една баба и и вика:
– Девојко, дали сакаш да се замениме?
– Што? Јас да бидам баба?
Vase
18/05/2011
Виц на денот, Разно
1,919
Си бил еден пијаница. Едно утро налетал на човек што правел склекови во паркот. Пијаницава застанал, почнал да се врти околу него, го гледа од сите страни, и на крајот не додржал, му рекол:
– Дечко, не ти се мешам во врската, ама мислам дека девојката ти киднала!
Оги
17/05/2011
Виц на денот, Личности
3,801
Трпе и Трпана отишле кај на Трпана мајката на гости. Бабата ги послужила со мезе и по некое време му вика на Трпе:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам!
После некое време бабава пак:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам.
После минута бабава пак:
– Трпе, мези!
– Мезам, бабо, мезам!
А бабата на тоа му враќа:
– Е не мезиш, јајш!
Dime
15/05/2011
Виц на денот, Прашање - Одговор
689
Како се вика градоначалникот на Прилеп?
– Кинг Конг.
Kire
13/05/2011
Виц на денот, Разно
2,311
Си бил некој сиромав човек кој многу убаво цртал но неможел да вика ц и еден ден дошле родителите на неговата девојка да го прашаат каков човек е за да можат да му ја дадат нивната керка. И таткото прашал:
– Е синко ти што работиш?
А човекот рекол:
– Е дедо јас немам многу пари, но тртам, тртам, многу тртам, тебе и баба има да ве натртам оригинално!
Trpe
12/05/2011
Виц на денот, Личности
2,849
Се среќаваат Трпе и Цветко, Трпе тажен со модринки на лицето. Цветко го прашува:
– Што се случува со тебе? Зошто изгледаш така?
– Вчера зедов плата, ме нападнаа, ме претепаа и ми ги зедоа парите.
– Им ги запомни ли лицата?
– Е како нема да им ги запомнам лицата на жена ми и ќерка ми.