Risto traktoristo
24/04/2011
Виц на денот, Лудница
9,572
Си биле двајца ненормални на стокатница и едниот му рекол на другиот:
– Е колку сакам да рипнам.
– Рипни, јас ќе те фатам.
Така и направиле и едниот чекал долe. Поминал човек и му го прашал што чека и овој му рекол:
– Еве го чекам другарот да скока да го фатам.
– Ти да не си улаф, ако го фатиш и тебе ќе те отепа.
– Не бе, прво ќе го оставам два три пати да скокне па после ќе го фатам.
Tohe
23/04/2011
Виц на денот, Личности
1,288
Трпана на Трпета му евоцира спомени од детство:
– Кога бев мала соседот Трипун ме земаше в скут и убаво ме лулаше. Тој беше прекрасен човек.
– Па зошто сега го колнеш? – се чуди Трпе.
– Од каде да знам дека на тоа што ме лулаше не беше неговото колено.
Martin
21/04/2011
Виц на денот, Еротски
8,973
Еден дедо отишол да си ја земе пензијата. Ја зел, но не се прибрал цела вечер. Утрото бабата нервозно го прашува:
– Кај беше!?
– Бев на стриптиз и ја потрошив целата пензија.
Бабата уште понервозно му вика:
– Како не ти е срам. Целата пензија да ја потрошиш за некоја да ти се соблекува. Јас за 50 денари ќе ти се соблечам!
Дедото гледал, гледал и рекол:
– Евтино си е евтино…
Vicoteka.mk
20/04/2011
Виц на денот, Разно
3,175
– Капетане, жена ти дојде кај тебе!
– Војниче на кого така му зборуваш? Ќе кажеш: „Жена Ви дојде кај Вас”.
– Кај нас беше вчера, капетане!
Vicoteka.mk
19/04/2011
Виц на денот, Разно
1,802
Шофер на патот згазил еден петел. Вознемирен сопира, излегува од колата и оди кај домаќинката.
– Многу жалам госпоѓо, навистина не беше намерно. Ако може некако да ви го надокнадам?
– Повелете, кокошките се таму, зад куќата! – рекла домаќинката.
Martin
18/04/2011
Виц на денот, Разно
4,364
Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам???
Sara
17/04/2011
Виц на денот, Разно
3,588
Кога Господ го создадил светот, одлучил на секој народ да му подари по две особини.
– Италијанците весели и романтични.
– Французите културни и рафинирани.
Кога стигнал до Македонците му рекол на ангелот:
– Македонците ќе ги направам паметни, добри и врвни политичари.
После завршената работа ангелот му рекол на Господ:
– Господе, на сите им даде по две особини, а на Македонците три.
– Хммм, имаш право. Но проблемот е во тоа што не можам да им одземам особина кога еднаш сум ја дал. Вака ќе направам, секој македонец ќе може да користи само по две особини:
– Кој е добар и врвен политичар, не може да биде паметена личност.
– Кој е паметен и врвен политичар, не може да биде добра личност.
– Кој е добар и паметен, не може да биде врвен политичар.
marija
15/04/2011
Виц на денот, Плавуши
1,123
Зошто плавуша пие вода откако ќе изеде јаболко?
– Заборавила да го измие.
Vicoteka.mk
14/04/2011
Виц на денот, Разно
539
Оди жена кај лекар:
– Соблечете се!
– Срам ми е, докторе!
– Добро, добро ќе ја изгасам ламбата!
Кристина
13/04/2011
Виц на денот, Разно
2,044
Влегува жена во автобус и возачот и вели:
– Тоа е најгрдото дете на светов!
Жената изнервирана седнува на крајот од автобусот. Му кажува на еден човек што се случило а тој и вели:
– Оди ти слободно расправај се, јас ке ти го почувам мајмунчево!
RoSSi
12/04/2011
Виц на денот, Прашање - Одговор
545
Што е тоа иронија?
– Иронија е Лепа Брена да ти пее “уџи слободно” а карта е 500 денари.
Vicoteka.mk
11/04/2011
Виц на денот, Разно
1,403
Родители одат на лекар:
– Какво ќе биде, докторе, момче или девојче?
– Кога ќе порасне самото ќе си реши!
Vicoteka.mk
09/04/2011
Виц на денот, Разно
2,997
Во петок пред некоја автобуска станица чекаат двајца пензионери. Во тој момент доаѓа автобус и едниот пензионер го прашува другиот:
– Абе, кој број е автобусот?
– Абе што ти е гајле, влагај па ќе се вратиш со друг.
Виктор
08/04/2011
Виц на денот, Плавуши
676
Си биле две плавуши и едната ја прашува другата:
– Како помина на првата брачна ноќ.
– Никако мажот цела ноќ ми збореше за Перикле и Аристотел. И ја му одговорив: Џабе збориш јас не се разбирам во фудбал.