Дома / Вицови / Виц на денот (страна 74)

Виц на денот

Барабанче

Малиот Трпе му вика на татка си:
– Сакам да ми купиш барабанче!
– Не може, ќе ми тропаш додека гледам телевизија и читам весници!
– Нема тато ветувам, ќе тропам додека спиеш!

Кладба

Во 18 часот Русокоса и Црвенокоса гледале вести. Давале како еден маж стои на мост и се заканува дека ќе рипне.
Русокосата се клади по 100 денари дека тој нема да рипне. Црвенокосата прифатила. По 1 минута, мажот се решил и рипнал, тогаш Русокосата и ги подала парите на Црвенокосата. Но таа ги одбила.
– Морам нешто да ти признаам. Јас вестиве ги гледав во 16 часот и знаев што ќе се случи. – рекла Црвенокосата.
А на тоа русокосата вратила:
– Абе и јас ги гледав но немислев дека уште еднаш ќе рипне.

Лозинка

Двајца другари разговараат:
– Фејсбук имаш?
– Имам.
– А, Скајп имаш?
– Имам.
– А, Твитер имаш?
– Имам.
– А, живот имаш?
– Имам, али ја заборавив лозинката.

Гуска

– Тато, тато… ако не ми дозволиш да се омажам за него ќе се фрлам во Вардар!
– Слободно фрли се, ќерко, секоја гуска знае да плива!!!

Ладење

Отишол Трпе на лекар да се жали:
– Драги докторе, помагај, Трпана воопшто не ужива кога ја тртам!
– Ех, мој Трпе, пробај малку да направиш атмосфера… еве, на пример, обиди се да донесеш црнец и нека ве лади со лепеза додека ја тртиш!
Трпе така и направил… Црнецот мавта, Трпе ја трти, а Трпана мртва ладна. По некое време станува Трпе и му вика на црнецот:
– Ајде, ти трти ја, а јас ќе ладам!
И се качува црнецот на Трпана, а таа се мрднува од задоволство. И тогаш Трпе:
– Гледаш ли како се лади, пичка ти мајчина!

Пазар

Цветко оди на пазар и прашува:
– Колку јаболкиве?
– Колку повеќе купиш, толку поевтино.
– Епа, ајде пуни додека не станат бесплатни.

Стара машина

80-годишен старец се оженил со 21-годишна жена. Првата година од бракот жената затруднела и денот на пораѓање, докторот во болница му вели на старецот:
– Честито, татко сте на машко бебе од 4 кг.
– Аха, старата машина уште работи – искоментирал стариот задоволен.
Втората година од бракот мажот и жената се повторно во болница. Докторот му вели:
– Честито, татко сте на женско бебе од 3,5 кг.
– Аха, старата машина уште работи.
Третата година, мажот и жената се пак во болница, а докторот му вели на стариот:
– Епа, ај честито пак. Татко сте на машко бебе од 3,8 кг.
– Ти реков јас дека старата машина уште функционира.
– Функционира стари, ама не е лошо да го провериш уљето… ова бебе е црно.

Паника

Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар…
Едното дете му вели на другото:
– Гледај сега паника!
Трча до младоженецот, го фаќа за рака и му вели:
– Здраво тато!!!

Баклава

Оди некој Ром оди по улица и се дере на цел глас:
– Не сакам да правам баклава… не сакам!!!
Поминува некој цајкан и го прашува:
– Добре бе, кој те тера да правиш баклава?
А тој му одговара:
– Порано Македонците се бавеа со политика, Албанците правеа баклави, а ние Ромите крадевме… Сега Македонците крадат, Албанците се бават со политика, а ние мора да правиме баклави.

Хороскоп

Вашиот хороскоп за 2011 година е:

Здравје – ѕвездите ви се смешкаат.
Работа – ѕвездите ви се смешкаат.
Пријтелство – ѕвездите ви се смешкаат.
Љубов – ѕвездите умираат од смеење.

Видови раѓања

Професор на испит го прашува студентот:
– Кажете ми какви раѓања знаете?
– Предвремено, со задоцнување, неправилно!
– Ве молам подетално!
– Предвремено: – една година пред свадбата. Со задоцнување: три години по смртта на сопругот. Неправилно: кога наместо сопругата раѓа сосетката.

Баби

Доаѓа една баба кај друга баба и и вика :
– Дај прашај ме како се чуствувам!
– Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
– Дај прашај ме ма како се чуствувам!
– Добро! Како се чуствуваш?!
– Ќути не прашувај!