Дамјан
15/03/2011
Виц на денот, Разно
5,972
Доаѓа една баба кај друга баба и и вика :
– Дај прашај ме како се чуствувам!
– Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
– Дај прашај ме ма како се чуствувам!
– Добро! Како се чуствуваш?!
– Ќути не прашувај!
Vicoteka.mk
14/03/2011
Виц на денот, Образованиe
2,869
На час по цртање учителот се наведнува над Трпе:
– Што црташ, Трпе?
– Грешницата Марија Магдалена!
– Пред или по гревот?
– За време на гревот!
Vicoteka.mk
13/03/2011
Виц на денот, Прашање - Одговор
510
Како се вика најголемото езеро во Јапонија?
– Цу на ми.
PiNkY
11/03/2011
Виц на денот, Образованиe
956
Наставничката го прашува Трпе:
– Трпе кога се берат јаболките?
– Кога комшијата не е дома, наставничке!
Vicoteka.mk
10/03/2011
Виц на денот, Личности
5,155
Оди Трпана во продавница и купува цел комплет скапа козметика за подмладување. После апликацијата, го прашува Трпе:
– Драги, ај кажи сега искрено, колку стара изгледам?
– Па според косата 18 години, лицето 20 години, телото 25.
– Ах, колку си сладок. Стварно ли изгледам толку млада?
– Чекај малку, уште не сум ги собрал, па да ти го кажам збирот.
Vicoteka.mk
09/03/2011
Виц на денот, Разно
2,420
– Зошто Црногорец става коска во панталоните после ручек?
– За Шарко да го одвлечка до ладовина.
Vicoteka.mk
08/03/2011
Виц на денот, Личности
1,992
Трпе бира подарок за 8-ми март во една продавница. Продавачката прашува:
– За жена ви е или сакате нешто поскапо?
Vicoteka.mk
07/03/2011
Виц на денот, Вицови
1,948
Трпе и Трпана отишле на коктел организиран од фирмата на Трпе. После некое време, Трпана го критикува Трпе:
– Добро бе, нели ти е срам да те гледаат колегите пет пати како се враќаш кај масата со храната?!
– Не бе, зошто срам. Секој пат и кажувам дека го полнам твојот тањир.
vicotekamk
05/03/2011
Виц на денот, Личности
1,883
Мујо и Хасо патуваат на магистрален пат. Мујо вели:
– Ете ја таблата. Заврти сега десно!
– Ааа, не. Јас веќе не верувам на табли! Вчера гледам една табла и на неа пишуваше ЖЕНИ. Влегувам внатре, а таму WC.
Vicoteka.mk
04/03/2011
Виц на денот, Еротски
7,640
Трпе и Трпана се сексаат и Трпана му вика:
– Абе Трпе, како мобилен си во кревет!
А Трпе понесен од ситуацијата со задоволство и враќа:
– Тоа дека убаво те вибрирам, така?
– Не драги, туку губиш сигнал кога си во тунел.
Vicoteka.mk
03/03/2011
Виц на денот, Разно
4,019
Во парк се гали и мази заљубен пар. Девојката му вика на дечкото:
– Мили, кога ќе се венчаме ќе имаме 3 деца.
– А како знаеш тоа?
– Па, знаеш, сега се кај мајка ми.
Vicoteka.mk
02/03/2011
Виц на денот, Разно
693
Кога машко ќе фати сом – риболов.
Кога женско ќе фати сом – брак.
Vicoteka.mk
28/02/2011
Виц на денот, Личности
890
Трпана оди на доктор:
– Докторе, маж ми е болен!
– Добро. Соблечете се и кажете ми точно каде го боли!
Vicoteka.mk
27/02/2011
Виц на денот, Еротски
3,766
– Оче, пред свадбата со жена ми имавме секс по 15 пати дневно, тоа дали е грев?
– Да синко, лагата е голем грев!