vicotekamk
11/02/2011
Виц на денот, Разно
3,637
Си била една истражувачка екипа која го барала најстариот човек на светот. Кога дошле до едно село тропнале на една врата.
Екипата: Извинете слушнавме дека тука некаде живее најстариот човек на светот.
Домаќинот: Да токму така , горе на брдото има куќичка … таму се наоѓа.
Екипата: Ви благодариме.
Потоа се искачуваат на брдото и влегуваат во куќичката и здогледуваат дедо 110 годишен како плаче и го прашуваат:
Екипата: Дедо зошто плачеш?
Дедото: Ме караше татко ми.
Екипата: Зошто те караше ?
Дедото: Зошто на дедо ми не сум му купил цигари.
vicotekamk
10/02/2011
Виц на денот, Плавуши
7,532
Се возеле двајца дечки во автобус, па и викаат на една згодна плавуша:
– Мала, ај покажи ни го папокот, ќе ти дадеме 50 евра.
– Дајте ми вие 100 евра ќе ви покажам и кај ми е оперирано слепото црево.
– Еве ти ги парите, ајде сега соблекувај се!
Автобусот застанал на автобуската станица кај болницата, а таа им вели:
– Ја гледате зградана десно…
– Ја гледаме.
– Епа таму ме оперираа од слепо црево…
Vicoteka.mk
09/02/2011
Виц на денот, Разно
2,503
Седат двајца пензионери на клупа и разговараат:
– Колку пати можеш да имаш секс?
– Два пати.
– А кој пат е подобар, првиот или вториот?
– Оној во пролет, дефинитивно.
Vicoteka.mk
08/02/2011
Виц на денот, Личности
2,523
Оди жена му на Трпе кај сосетката.
– Комшике ако сакаш да ми го позајмиш тавчето.
– Не можам сега, и јас го чекам маж ми!
Vicoteka.mk
07/02/2011
Виц на денот, Плавуши
2,949
Две плавуши се расправале:
– Ти си глупача!
– Не, ти си глупача!
Поминал еден дедо и им рекол:
– Не карајте се! Двете сте во право!
Vicoteka.mk
06/02/2011
Виц на денот, Плавуши
1,270
Две плавуши разгледуваат фотографии:
– Ова е дедо ми на 11 години.
– Ха! Не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години.
Vicoteka.mk
05/02/2011
Виц на денот, Личности
3,932
Трпана налутена го пречекува Трпе, мртов пијан и со кармин по целото лице, на влезната врата:
– Претпоставувам дека имаш добра причина што си доаѓаш дома во 6 саат сабајле!?
– Имам… доручек.
Vicoteka.mk
04/02/2011
Виц на денот, Личности
10,812
Трпе оди кај својот адвокат и овој му вика:
– Слушај, имам лоша и ептен лоша вест.
– Кажи ја лошата прво.
– Трпана дошла до слика вредна 100.000 евра.
– И тоа е лошо!? Која е ептен лошата???
– На сликата си ти со секретарката!!!
vicotekamk
02/02/2011
Виц на денот, Личности
845
Трпана му вели на малиот Трпе:
– Ако јадеш уште колачи ќе експлодираш!
– Не се секирај мамо! Дај ми уште едно и тргни се неколку метри подалеку од мене!
Vicoteka.mk
02/02/2011
Виц на денот, Личности
2,916
Трпана му вели на Трпе:
– Статистиките покажуваат дека најголем број од незгодите се случуваат во кујна!
А на тоа Трпе додава:
– Да, и јас секогаш морам да ги јадам!
vicotekamk
01/02/2011
Виц на денот, Разно
929
Седеле двајца министри во владата и тогаш едниот му вика на другиот:
– Што си се замислил, кај си се загледал низ прозорец?
А другиот му одговара:
– Еве гледам А1 во живо.
Vicoteka.mk
31/01/2011
Виц на денот, Разно
10,434
Починала некоја мирна девојка и оди кај Господ.
– Господе, јас живеев чесно, не пушев, не пиев, не одев по мажи. Каква награда ќе ми дадеш за тоа?
Господ се замислил и наредил:
– Дајте и крилја!
– Ооо, ќе ме правиш ангел?
– Не! Гуска! – одговорил Господ.
vicotekamk
30/01/2011
Виц на денот, Полицајски
5,361
Цветко, мортус пијан легнал на улица и полека се движи, некој полицаец го видел и го прашува:
– Зошто ползиш???
И овој му одговара:
– Барам нешто.
– Е што бараш?
– РАМНОТЕЖА.
vicotekamk
29/01/2011
Виц на денот, Еротски
9,303
Влегува Трпе пијан во спална и сака секс со Трпана, а таа му вели:
– Бегај бе, имам добиено.
Трпе пијан мортус, не ја ни слуша и си врши работа долго време, сабалето кога Трпе се разбудил што да види, цел кревет крв, а Трпана ја нема, шокиран Трпе вика:
– Леле сум ја убил Трпана.
Оди во купатило се погледнува во огледало и извикува:
– Леле сум ја изел.