Дома / Вицови / Животни / Финансова полиција

Финансова полиција

Желката трчала панично низ шумата и налетал на жирафата.
– Желко што брзаш толку?
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Ја куќа, жена ми куќа, децата куќа, ако ме фатат тешко мене!
Кога го чула ова жирафата се дала и таа на бегање. И така налетува на мечката.
– Жирафо што вака брзаш?
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас живеам на висока нога, жена ми на висока нога, децата исто!
Кога го чула ова мечката и таа се дала на бегање, и налетала на мајмунот.
– Што брзаш вака мечко!
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас со бунда, жена ми со бунда , децата со бунди, тешко мене.
Кога ова го чул мајмунот и тој се дал на бегање. Трчал,трчал, и наеднаш застанал.
– Добро бе зошто бегам, јас со гол газ, жена ми со гол газ, децата со гол газ…

Обиди се со

Јајце

Лета врапче, се мачи, потејќи се, носи антилопа. Две други врапчиња седат на гранка и …