Дома / Вицови / Животни / Зајчиња

Зајчиња

Се договориле зајчињата да го тепат волкот и мислеле причина… Мислеле, мислеле и на тоа најмалото му текнало:
– Ај ќе го тепаме зошто не носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот и тоа најмалото му вели:
-Ти зошто не носиш капа? – и го истепале.
Следниот ден пак сакале да го тепат и пак мислеле причина и на тоа најмалото му текнало:
– Ај овој пат ќе го тепаме зошто носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот овој пат со капа и тоа најмалото пак му вели:
– Ти зошто носиш капа? – и пак го истепале.
Следниот ден веќе немало зошто да го тепат, но на тоа најмалото пак му текнало:
-Ај ќе го тепаме зошто носи цигари со фас.
Се согласиле и другите, но волкот бил зад некое дрво и се ги слушнал и се припремил. И го среќават зајчињата и тоа најмалото му вели:
– Волчко дојди малку.
Доаѓа волкот и му вели:
– Еве ти цигари и со фас и без фас.
И тоа најмалото се збркало и му вели:
– А ти зошто не носиш капа?- и пак го истепале.

Обиди се со

Јајце

Лета врапче, се мачи, потејќи се, носи антилопа. Две други врапчиња седат на гранка и …